| |
Тест за професионална ориентација во ИТ |
|
Одлучивте да градите кариера во областа на Информационите Технологии, но не знаете во која насока да тргнете?
Областа на Информационите Технологии е мошне широка и во неа постои огромен број најразновидни професии. За многу од нив веројатно прв пат слушате. Па, како да изберете во која насока да тргнете? Која професија да ја изберете?
Со цел да Ви помогнеме да откриете која професија би била посоодветна за Вас од другите, го адаптиравме тестот за професионална ориентација во ИТ, инаку подготвен од NWCET (National Workforce Center for Emerging Technologies) IEEE (Institute of Electrical and Electronic Engineers), NSF (National Science Foundation) и TAF од САД.
Тестот не претендира да биде дефититивниот инструмент кој треба да го користите при избор на професија. Не постојат точни ли погрешни одговори во овој тест, туку само одговори кои најдобро ве опишуваат.
Тестот содржи прашања кои се однесуваат на начин на кој учите како и прашања поврзани со Вашиот личен стил. Како резултат на тестот ќе добиете сугестии за избор на ИТ професија која би била најсоодветна за Вас.
|