Услови: кој може да учествува на натпреварот?

На натпреварот можат да се пријават исклучиво матуранти од сите приватни и средни училишта во Република Македонија. Пријавувањето е online и е отворено до 30 Март 2007 година. Александрија го задржува правото да благовремено го извести кандидатот за дополнителен предтест, поради ограничениот број на натпреварувачи

Со оглед на тоа што прашањата на натпреварот ќе бидат на англиски јазик, неопходно е негово познавање.

Натпреварот е отворен за сите матуранти кои покажуваат особен интерес за информатиката и градење професионална кариера во неа, без оглед на тоа дали во завршната година од школувањето имаа предмет информатика или не.