| |
Правила |
|
Натпреварот ќе се одржи во Академијата на ИТ Александрија, со користење електронски систем за тестирање на знаење.
Тестот ќе биде на англиски јазик а ќе содржи прашања од материјалот кој се изучува по предметот информатика во сите 4 години како и од областите: хардвер, интернет, програмирање, веб дизајн и графика.
Натпреварувачите во рок од 80 минути треба да одговорат на 50 прашања со бирање на еден од неколку понудени одговори.
Победник е кандидатот кој ќе освои најмногу бодови. Во случај два или повеќе кандидати да имаат ист број бодови а се во конкуренција за освојување 1-10 место, истите се покануваат на втор круг тестирање.
Резултатите ќе бидат објавени на веб страната на Александрија на 16.04.2007 година.
Идентификација – На денот на Натпреварот задолжително понесете некаква форма на идентификација со слика: лична карта (доколку ја имате), пасош, здравствена легитимација, ученичка книшка, возачка дозвола. Со себе понесете го отпечатениот mail со потврда на вашата пријава (бројот на пријавата исто така е битен за ваша идентификација) како и потпишаната Согласност за почитување на правилата на Натпреварот.
Бидете точни – Со оглед на тоа што Натпреварот може да започне само во точно определениот термин (ниту подоцна, ниту порано), обидете се да пристигнете во Александрија најмалу 15 минути порано. Задоцнувањето на Натпреварот ви го одзема правото на учество. Од друга страна, во интерес на непречено одвивање на Натпреварот и избегнување на евентуална гужва, по завршување на Натпреварот и подигање на личните работи, во најкус можен рок ве молиме да ја напуштите Александрија за да обезбедиме простор за идентификација на следната група натпреварувачи.
Недозволени активности
Во просторијата каде што се одвива Натпреварот најстрого е забрането влегување со јакна или капут, торба, книга, мобилен телефон, листови, пенкало и сл. Сите овие работи ќе ги оставите во посебна, безбедна просторија што ќе ви ја посочи Тест Администраторот, од каде повторно ќе ги подигнете по завршување на Натпреварот.
На Натпреварот е забрането мамење, дошепнување, меѓусебно комуницирање или било какво нарушување на редот и мирот.
Надзор
Регуларноста на Натпреварот се контролира
- - директно од страна на Тест Администратор, кој во случај на некоја од горенаведените недозволени активности има право да го дискфалификува натпреварувачот, и
- - преку надзорен систем од видео камери чија снимка може да послужи како доказ за причината на евентуално дискфалификување на натпреварувачот.
|