Републички натпревар по информатика 2007

Неодамна изведеното истражување на МАСИТ покажа дека ИТ индустријата во Македонија се соочува со сериозен недостаток од квалификувани кадри. Една од препораките кои произлегоа од тоа истражување беше дека треба да се продолжи со активности за запознавање на јавноста со потребите на ИТ индустријата, а особено средношколците.

Поттикната од овие сознанија, Александрија реши да го даде својот придонес кон општеството на тој начин што ќе организира Годишен републички натпревар по информатика, на кој ќе можат да учествуваат матуранти од сите државни и приватни средни училишта во Македонија.

Натпреварот се одржa на 14 и 15 Април во просториите на Академијата на ИТ Александрија. На натпреварот земаа учество 323 натпреварувачи од вкупно 59 средни училишта од цела Македонија. За најдобрите натпреварувачи Александрија, во соработка со врвните ИТ компанија од земјата и странство, обезбеди голем број вредни награди.

Целта на иницијативата, меѓу другото е подигање на свеста кај јавноста, особено на средношколците за потребите на ИТ индустријата во Македонија.

Корисни линкови: