| |
Доделување награди |
|
На 21.04.2007 со почеток во 09:00 часот се оддржа 2-от круг од Натпреварот по Информатика.
По добивањето на резултатите, сите 12 наградени натпреварувачи се упатија кон Скопски Саем, каде во Метрополис Арената, со почеток во 11 часот, се оддржа свеченото прогласување победници и доделување на наградите од страна на спонзорите на Натпреварот.
На публиката и' се обрати и директорот на Академијата на ИТ, Александар Марјановиќ, кој за таа пригода изјави:
"Од ова место, во името на Стопанската комора за Информациски и комуникациски технологии МАСИТ, би сакал да Ви пренесам една многу важна порака:
Влезете во светот на ИТ!
Изберете ја информатиката како своја идна професија затоа што тоа, во времето во кое живееме е дефинитивно најперспективната област. Дури и да не знаете што сакате да студирате, изберете ИТ и сигурно нема да згрешите. Студирајте било каде, но изберете ИТ и иднината Ви е обезбедена.
Информатичката и комуникациската технологија се развива со огромна брзина. За жал, таа се развива многу побрзо одколку што луѓето се во можност да се едуцираат, што во пракса создава голем недостаток од кадри. Тоа не е проблем со кој се соочуваат само развиените земји. Тоа се проблеми и на домашната ИТ индустрија која е гладна за информатичари од секаков вид.
Затоа, уште еднаш, Ви ја пренесувам пораката на моите колеги од најголемите македонски ИТ компании: Влезете во светот на ИТ и иднината ви е загарантирана."
|