Уписи 2008/2009     
 
 





 Vodic niz studii 2008
 Prijava za kvalifikaciski ispit

 Dokumetarec za
studiite na Akademijata


 
   Инструкции за запишување
 
  Вкупен број на студенти
Во учебната 2008-2009 година, на Академијата за Информациони Технологии ќе бидат примени:

Област Звање кое се стекнува
студенти
должина
Компјутерски мрежи Мрежен инженер
24
2 години
Мрежен техничар
9
1 година
Интерактивни медиуми и уметности Веб дизајнер
20
1 година
Графички дизајнер
10
1 година
ИТ поддршка и услуги Специјалист за поддршка на корисници
10
1 година*
Специјалист за продажба на ИТ
10
5 месеци*
* Наставата за овие студиски програми се изведува во попладневни часови со темпо 3 пати неделно по четири часа и истите можат да послужат и како програми за прекфалификација на вработени служатели.

  Услови за запишување
На Академијата за Информациони Технологии може да се запише секој што има завршено најмалу средно училиште.
 
   Услови за студирање
За да се стекне правото на студирање кандидатот мора да го положи квалификациониот испит кој е составен од два дела: англиски јазик и специјализиран испит по информатика за соодветната студиска област.
 
   Документи потребни за запишување
  1. Пополнета и своерачно потпишана Пријава за полагање квалификационен испит
  2. Фотокопија од свидетелства (1-4 год.)
  3. Фотокопија од дипломи за завршени курсеви по англиски јазик и компјутери (доколку ги има)
  4. Портфолио (само за студиските области Веб дизајнер и Графички дизајнер).
   Рокови за пријавување, полагање и запишување студенти
  1. Пријавувањето на студентите трае се до почетокот на учебната година (1 октомври 2008) односно, се' до пополнувањето на слободните места. При тоа, приоритет при запишувањето имаат оние кандидати кои освен што ќе ги положат приемните испити истовремено и ќе си ги подмират трошоците за школувањето.
  2. Полагањето приемен испит се закажува најмалу еден ден порано, а се изведува секој работен ден. Испитите (англиски и информатика) траат најмногу 2 часа, се полага на компјутер, а резултатите ги дознавате најдоцна за 2 часа. Полагањето е бесплатно.
  3. Запишувањето студенти се врши веднаш по положувањето на приемните испити. При запишувањето се потпишува Договор за студирање и се плаќа 25% од школарината во вид на капар.