| |
Зашто да се сертифицирате? |
|
Ако се земе предвид дека стекнувањето одреден сертификат е макотрпен процес кој значи исполнување одреден број предуслови, за некого може да биде чудно зошто и покрај сето ова толку многу луѓе се трудат да ги стекнат. Во секој случај, мотивите се различни и кај индивидуалците (кандидатите за вработување) и кај работодавците.
Зошто индивидуалците ги сакаат сертификатите?
Во секоја професија, вклучувајќи ја и областа на Информациони Технологии, индивидуалците од највисок калибар секогаш се во потрага по некаков вид екстрем или достигнување кое може да им донесе предност во однос на останатите, нешто што ќе значи доказ за нивната компетентност, знаење или вештина. За многу ИТ професии, сертификатот на почетниците може да им обезбеди можност да бидат повикани на сериозно интервју за работа и притоа да имаат добра шанса да ја добијат работата. За оние кои веќе се вработени, тоа е можност да докажат дека се од голема вредност за компанијата затоа што со несмален интензитет покажуваат интерес за учење, надградување и напредување во кариерата. Од друга страна, пак, истражувањата покажуваат дека сертифицираните вработени имаат повисоки плати од оние кои не поседуваат сертификат, што е силен мотивирачки фактор. Иако не секогаш е точно дека сертифицирањето води кон висока плата, постојат огромен број докази за позитивната врска помеѓу овие две работи што ги охрабрува индивидуалците да стекнуваат голем број сертификати од областа во која работат.
Зошто работодавците ги сакаат сертификатите?
Една од многуте причини поради која работодавците ги сакаат сертификатите е тоа што, исто како што се и испитите на факултетите, програмите за сертификација обезбедуваат барем минимална гаранција дека кандидатот го поминал сиот процес на ригорозни тестови и ги задоволил условите за да стекне сертификат како доказ за неговата компетентност во дадената област. Така, сите инвилвирани страни – организациите кои ги подготвуваат сертификационите програми и ги издаваат сертификатите, индивидуалците кои се во потрага по нив и работодавците кои бараат такви индивидуалци – се согласуваат дека таквите програми се мерка за тоа што еден професионалец знае и може да направи.
Поради ова, многу компании инсистираат нивните вработени кои работат на работно место што има врска со ИТ – без оглед на тоа што тие се веќе мрежни или систем администратори, компјутерски техничари, службеници задолжени за безбедоста на ИТ инфраструктурата или програмери – да ги поседуваат сите оние сертификати кои се во директна релација со нивното работно место.
Не помалу важно е тоа што сертифицираните вработени се најчесто поефикасни од оние без сертификат. Освен тоа, истражувањата покажале дека и за самите клиенти е од голема важност што компанијата на која и’ ја дале довербата (и своите пари, се разбира) посетува сертифициран кадар. Со други зборови, поседувањето сертифицирани кадри помага за зголемување на угледот во очите на клиентите.
|