Водич низ студии 2011
 Пријава за квалификациски испит
 Водич за ориентација на студенти

 Документарец за
студиите на Александрија
 
 Опис на професија  Веб дизајнер


Веб дијанерот е задолжен за дијзанот, изгледот и кодот на веб сајтот. Тој е задолжен за техничките и графиките аспекти на веб сајтот, односно за неговата функционалност и изглед. Неговата работа честопати подразбира и оддржување и ажурирање на веќе постоечки веб сајт.
За да дизајнира веб сајт, веб дизајнерот мора:

  • да ја востанови намената на веб сајтот имајќи ја во предвид неговата целна публика
  • да го идентификува типот на содржина која ќе биде прикажана на сајтот
  • да ја одреди функционалноста која сајтот мора да ја поддржува (на пример, финансиски трансакции или пребарувања)
  • да даде насока за употреба на бои и стилови и да дефинира предлог дизајни.

Овие чекори ќе ја одредат технологијата која ќе се користи и нивото на сложеност на сајтот. Во следниот чекор, веб дизајнеро мора:

  • да напише програмски код, почнувајќи од почеток или адаптирајќи некој постоечки софтвер за веб сајт и графички пакет, за да ги исполни бизнис побарувањата
  • да го тестира веб сајтот и да идентификува евентуалните технички проблеми
  • да го постави сајтот на некој сервер и да го регистрира на различни интернет пребарувачи.

Со користење на комбинација од графички дизајнерски вештини и знаење од областа на технологијата за изработка на веб страни, работата вклучува:

  • поврзување со клиентот во дизајнерската фаза во која ќе му бидат поставени прашања од типот: кои се потребите на сајтот? која е целната публика? кои се водечките конкуренти? и.т.н.
  • создавање на дизајн кој ќе биде атрактивен за целните корисници, кој има логички навигациски систем и ги има сите потребни карактеристики
  • пишување на веб страни со комбинација на кодови, како HTML,CSS,
    ЈavaScript, ActionScript, PHP и ASP.NET 2.0 (C#) или користење на програми
    кои генерираат код, како што е на пример Dreamweaver, Visual Studio и Aptana Studio
  • донесување одлуки за тоа како сликите и другите материјали ќе бидат дигитално оптимизирани и прикажани на веб
  • обезбедување достапност до метеријалите на бев сајтот кон сите целни групи, вклучувајќи и корисници со хендикеп
  • тестирање на функционалноста на сајтот во различни прегледувачи и на различни резолуции
  • поправање на грешките.

Веб дизајнерите ќе имаат познавање од пакети за графички дизајн како на пример Photoshop или Illustrator за да создадат основен изглед на веб сајтот и да манипулираат со сликите. Вештините со CSS, е-комерцијата, server-side технологиите како што се PHP и ASP.NET и интернет безбедноста се исто така важни. Колку што интернет корсниците добиваат пристап на интернет преку broadband, толку поголемо побарување се наметнува на веб дизајнери од познавање на вештини во областа на мултимедијата и интерактивноста.

Веб дизајнерот најчесто ќе работи како дел од тим кој ќе вклучува и веб уредник и менаџер за финансии.


  Работно време и работна околина

Веб дизајнерот вообичаено работи помеѓу 37 и 40 часа неделно, од 09:00 до 17:30, од понеделник до петок. Дополнителни работни часови може да бидат потребни за да се заврши работата на време. Овие часови вообичаено вклучуваат работа навечер или преку викенд.
Можно е да биде самовработен и да работи од дома. Постои можност и за скратено и флексибилно работно време.

Вообичаено е да се работи во канцелариска околина.


  Вештини и лични карактеристики

Веб дизајнерот  треба да:
  • има програмерска способност и логика како и сособност за работа со графика
  • биде креативен со богата имагинација
  • биде адаптибилен и способен да ги прифаќа новите развојни техники
  • има добри комуникациски особини
  • може да работи добро самостојно и во тим
  • биде способен да работи во кратки временски рамки
  • биде темелен и прецизен во работата
  • биде способен да изведува повеќе работи истовремено
  • ги следи интернационалните веб стандарди и протоколи
  • може да ја искористи својата иницијатива и иницијативата и сугестијата на тимот.

  Интереси

Особено важно за веб дизајнерот е:

  • да ги следи новините во компјутерската технологија и нивното влијание врз бизнис околината
  • да ги следи новините на интернет
  • има афинитет кон решавање на проблеми и отклонување грешки.