Визуелен дизајн: Основи на дизајн и печатарска продукција

Визуелен дизајн: Основи на дизајн и печатарска продукцијата претставува едногодишен курикулум со обем од 100 часа кој ги развива ICT, кариерните и комуникациските вештини во печатениот и графички дизајн со користење на алатките на Adobe. Визуелениот дизајн развива четири клучни вештини: раководење со проекти (Project management), дизајн, комуникација и графички и принт технологии. Студентите ги развиваат овие клучни вештини постепено – секој следен проект внесува нови предизвикувачки вештини кои ги надградуваат претходно стекнатите.

Визуелен дизајн: Основи на дизајн и печатарска продукцијата ги адресира сите овие области, со користење на приод заснован на проекти. Секој проект има фази кои следат различни процеси на дизајн и развој, од планирање на проектот до евалуација и дистрибуција. Студентите стекнуваат искуство работејќи на вистински проекти што им помага подобро да ги разберат улогите и процесите во голем број разновидни професии кои вклучуваат визуелен дизајн. За да се симулира работната околина во која работат вистинските професионалци, студентите постепено ја мигрираат својата дизајнерска работа од индивидуален кон групен процес. Дизајнот во основа е повторлив процес, па затоа проектите содржат активности кои од студентите бараат евалуација а потоа и редизајн и преработка на комуникацијата.

Овој курс ги подготвува студентите за полагање на испитот со кој го стекнуваат сертификатот Adobe Certified Associate, Visual Communication using Adobe Photoshop CS Extended.

  Проекти во првиот семестар

Во првиот семестар на Визуелен дизајн се развиваат вештини кои ја поставуваат основата за фотографијата и продуцирање на готови-за-печатење средства за комуникација: принципи на графички дизајн, визуелни компоненти, развој на печатарска продукција, вештини за водење проекти, како што се интервјуирање и правење распоред за изведување на проектот, преглед и редизајн. Проектните активности се фокусирани на развој на ефективни комуникации кои можат да бидат развиени за печатен, веб и видео медиум. Студентите креираат различни графики, логоа, бизнис картички и реклами за клиенти. Резултатот од нивната работа - дизајнот и визуелни компоненти потоа се прегледуваат од страна на клиентот. Студентите го завршуваат семестарот со проект за изработка на портфолио во кој се огледуваат вештините и трудовите кои ги имаат стекнато до тој момент и потоа започнуваат да ги истражуваат опциите за развој на кариера во област на визуелниот дизајн. Клучните вештите кои се развиваат во овој семестар се:

  • Интервјуирање и реагирање на повратен одговор
  • Дизајнирање за различна публика и потреби
  • Решавање проблеми
  • Процес на дизајнирање и ефективната комуникација
  • Подучување на соработниците во работно опкружување
  • Техничка манипулација со слики и вештини за печатено издаваштво
Во овој семестар студентите користат Adobe Photoshop CS Extended за креирање слики, Adobe InDesign CS за дизајнирање и создавање проекти и печатени материјали и Adobe Acrobat 8 Professional за разгледување и подобрување на содржината и подготовка на материјали за печатење и конечно, креирање на свое портфолио.
  Проекти во вториот семестар

Вториот семестар на Визуелен дизајн ги развива вештините за дизајн на студентот со фокусирање на посложени проекти за печатење како и понапредни и сеопфатни техники за графички развој. Студентите продолжуваат да работат во тимови за да продуцираат богати средства за печатена комуникација како што се брошури, билтени и сл. Тие се фокусираат на ефективен графички дизајн и проект менаџмент. Тие развиваат графички дизајн и вештини за печатарска продукција кои решаваат специфични комуникациски предизвици со кои се задоволуваат потребите на клиентите и публиката. Исто така, студентите ги развиваат техничките вештини за потребите на проектот и учат како да следат комплексни проекти. Клучните вештини кои се совладуваат во овој семестар се:

  • Проект менаџмент вештини (управување со задачи, комуникација со клиенти, следење и планирање)
  • Илустрирање и цртање
  • Комуникација со членови од тимот со користење проектни планови и спецификации
  • Техничко графички и принт-продукциски вештини
  • Дизајнерски решенија
Во овој семестар студентите го изучуваат Adobe Illustrator CS за да креираат векторски базирана графика и илустрации.
  Наставна програма

Проект 1: Колаж и фотографија
Во овој проект, студентите собираат фотографии од различни извори (вклучувајќи изучување на основата на фотографија) потоа ги изменуваат и оптимизираат овие фотографии за да формираат колаж.

Проект 6: Брошура
Во овој проект, студентите креираат брошура користејќи напредни техники за обработка на слики и дизајни.

Проек 2: Лого
Во овој проект, студентите ја изучуваат теоријата за бои и принципите на дизајн на лого, а потоа креираат лого.

Проект 7: Весник
Во овој проект, студентите работат во тимови за да креираат тема, цел и содржина на весникот.

Проект 3: Визит карта
Во овој проект, студентите креираат визит карта, а низ процесот учат за типографија и облик на дизајнот.

Проект 8 : Мини-алманах
Во овој проект, студентите работат во тимови за да создадат и креираат годишен алманах.

Проект 4: Рекламирање
Во овој проект, студентите се запознаваат со процесот на работа со клиенти преку проект за реклама.

Проект 9 : Завршни портфолија
Во овој проект, студентите ги доработуваат своите портфолиа со понапредни техники и ги редизајнираат за подобар изглед.

Проект 5: Портфолија
Во овој проект, студентите креираат PDF  портфолио од работата сработена во претходните проектите.