/  Висови IT сертификати
 
   
   
 
 Vodic niz sertifikacija (145KB)
 
   Видови IT сертификати

Постојат стотици различни сертификати, но генерално поделени се во неколку групи:

   Според потеклото, т.е. кој стои зад сертификационата програма. Притоа, зад одредена сертификациона програма може да се кријат еден или повеќе сертификати. На пример, во сертификационата програма на Microsoft во областа компјутерски мрежи постојат три сертификати:

  1. Microsoft Certified Professional (MCP),
  2. Microsoft Certified Systems Administrator (MCSA) и
  3. Microsoft Certified Systems Engineer (MCSE).

  Според типот на организацијата која стои зад сертификационата програма. Постојат 3 групи на организации кои вообичаено стојат зад одредена сертификациона програма: производители на одредена опрема или софтвер, образовни (тренинг) организации кои поддржуваат специфичен начин на учење или методологии и непрофитни организации кои подржуваат одреден специфичен начин на учење или методологии. Интересно е тоа што многу често се случува да дојде до преклопување на нивните понуди.

  Според начинот на тестирање. За да се стекне одреден сертификат, кандидатите се изложуваат на ригорозни испитувања на стекнатото знаење, кои во некои одредени случаи можат да опфаќаат изработка на проекти, пишување есеи и извештаи.

  Сертификати независни од производител (Vendor-Neutral Certifications). Неутралните сертификатите т.е. оние кои се независни од производителот го добиле ова име затоа што се однесуваат на одредена технологија без да навлегуваат во детали како таа се имплементира во специфични случаи. Ваквиот вид сертификати се особено ценети во случај кога се бара демон-стрирање знаење за голем број работи како на пример поправка на компјутери, мрежно работење или информациона безбедност. Најчесто овие сертификати се наменети на ИТ професионалци од почетно или средно ниво.

  Сертификати на производители (Vendor-Specific Certifications). Како што кажува самото име, се работи за сертификатите кои се фокусираат на специфичен продукт или платформа. Такви се на пример сертификатите на Microsoft, Cisco, Sun...