Сертифицирање

Програмите за сертифицирање се одличен начин да им покажете на останатите дека поседувате знаење и вештини со коишто можете да им помогнете да го извлечат максимумот од технолошките инвестиции коишто веќе ги направиле. Како сертифициран професионалец, вие ќе сте признат експерт којшто знае како да им обезбеди поддршка на своите клиенти.

Вие имате искуство и обука, но сега сакате да ја докажете својата стручност и да добиете признание за вештините коишто ги имате. Еден IT сертификат претставува мерлив доказ на вашето знаење и го зацврстува вашиот кредибилитет на пазарот.
Александрија е еден од најголемите авторизирани центри за тестирање преку Prometric и Pearson VUE во Македонија. Александрија ви нуди можност да се здобиете со сертификати од програмите на Microsoft, Novell, IBM, Cisco, CompTIA, SUN, Adobe, ACI, Oracle, Hewlett Packard како и од многу други спонзори на програми.

Користејќи ја брзината и веродостојноста на интернетот и најнапредната технологија, Prometric и VUE и овозможуваат на Александрија брз и флексибилен начин на работа, со којшто Александрија може да им излезе во пресрет на потребите и желбите за тестирање на своите клиенти со:

  • Употреба на Интернет за безбеден пренос на податоци кон и од центарот за тестирање.
  • Широка употреба на Java во процесот на регистрација на кандидатот и апликациите за менаџирање на системот за тестирање
  • Објавување на вашите резултати веднаш и директно од агенцијата за сертифицирање
  • Конекција во реално време со седиштето на VUE, односно Prometric преку интернет за сите услуги
  • Tamper-proof web Digital Embosser којшто го заштитува вашиот сертификат

Prometric, Pearson VUE и Александрија се обврзуваат да ви обезбедат услуга на највисоко светско ниво. Сертифицирањето преку нашиот центар за тестирање, подразбира процес којшто започнува со брза и едноставна регистрација, ви го дава испитот на располагање во време коешто вам најмногу ви одговара и ви овозможува веднаш да ги добиете резултатите од вашето тестирање.