/  Сертификациони програми: Типични
 
   
   
 
 Vodic niz sertifikacija (145KB)
 
   Типични сертификациони програми

Една типична сертификациона програма вообичаено содржи:

  • Еден или повеќе сертификати со кои се потврдуваат специфичните знаења, вештини или компетенциите кои се предмет на добро документиран сет правила или предуслови.

  • Еден или повеќе испити со кои се оценува стекнатото знаење, вештини или компетенции за секој поединечен сертификат.

  • Етика - огромен број правила на однесување до кои мора да се држи носителот на сертификатот.

  • Континуирано учење или ресертифицирање, како процес кој му овозможува на носителот да биде во чекор со технологијата.

  • Логоа, значки и слични методи кои му овозможуваат на носителот да го рекламира својот статус.

  • Пристап во заштитени, “само-за-членови“ веб сајтови, демо софтвер или одредени заштитени извори на информации: публикации, покани за бесплатни тнр. бета тестови (тестови во фаза на развој) и слично.