| |
Правилник на центарот за тестирање |
|
- Пред да Ви биде дозволено да започнете со тестирањето, Вие ќе мора да се идентификувате со два документа за идентификација, од кои едниот мора да има Ваша слика. Двата документа мора да имаат Ваш своерачен потпис.
- Администраторот ќе Ви го даде Правилникот на VUE/Prometric, којшто Вие ќе треба внимателно да го прочитате и да потпишете дека се согласувате со правилата што се наведени во истиот.
- Не Ви е дозволено да внесувате лични педмети (чанти, паричници, мобилни телефони, PDA или друг тип на електронски направи, пејџери, часовници, книги, храна и пијалоци) во просторијата за тестирање. Сите овие предмети ќе ги ставите на безбедно место, што ќе Ви го обезбеди Тест Администраторот.
- Ќе добиете пластифициран лист за белешки и фломастер, кои по завршувањето на испитот ќе треба да му ги вратите на Тест Администраторот.
- Администраторот ќе Ви ги објасни правилата на тестирање и ќе го почне испитот.
- Системот автоматски го мери времето за испит. Времето за испит ќе се покажува на Вашиот монитор. Паузи за време на тестирањето не се предвидени, а доколку си земете пауза времето нема да Ви биде стопирано (освен ако во правилникот на спонзорот не е назначено спротивното).
- Администраторот постојано ќе Ве надгледува за време на испитот, а сесијата може да биде снимена со камера, за безбедносни и други цели.
- Доколку се појават некои проблеми кои ќе влијаат на Вашата способност да го завршите испитот, пожелно е веднаш да го известите Тест Администраторот.
- Администраторот не може да Ви одговори на прашањата доколку тие се однесуваат на содржината на испитот.
- Кога ќе завршите со испитот, на екранот ќе се појави Вашиот резултат. Извештајот во пeчатена форма ќе го добиете откако ќе му ги вратите пластифицираниот лист за белешки и фломастерот на Тест Администраторот.
- Вие може да го проверите извештајот со Вашите резултати на веб страната http://www.vue.com/authenticate/ само со внесување на Registration Number (регистарски број) и Validation Code (код за валидација) коишто се наоѓаат на Вашиот извештај, или истото можете да го сторите и на веб страната на вендорот (на пример: http://partnering.one.microsoft.com/mcp/)
- Log Sheet-от го потпишувате на почеток и на крај на испитот.
- Доколку не ги следите правилата или пак мамите на испитот, центарот за тестирање има право за истото да го извести Pearson VUE/Prometric и спонзорот на испитот, со што Вашиот испит ќе биде поништен, а Вие нема да може да ги рефундирате парите коишто сте ги уплатиле за испит. Спонзорот има право да превземе понатамошни мерки, меѓу кои и да Ви ги одземе сертификатите.
|