Компјутерската едукација се состои од голем број на веШтини кои учениците мора да ги совладаат. Овие вештини може да се поделат на десет основни технички вештини:
Применета технологија |
Бази на податоци |
ДТП |
Графика |
Мултимедија |
Работна околина |
Програмирање |
Работни табели |
Телекомуникации |
Обработка на текст |
Овие десет технички вештини се клучните елементи на проектите за компјутерска едукација. Поради динамичната природа на проектот, ниту една стручна вештина не се учи посебно издвоена.
Секоја од основните технички вештини е поделена на помали составни делови. Учениците учат постапно како да ги користат апликациите на Microsoft Office софтверот. Учениците Ќе стекнат знаења кои одговараат на Microsoft Office User Specialistт (MOUS) дипломите. Проектите ги подготвуваат учениците за MOUS тестовите кои ја потврдуваат стручноста при користење на апликациите на Microsoft Office софтверот, вклучувајѓи Microsoft PowerPoint, Word, Excel, Outlook и Access.
Применета технологија
Применета технологија е вештина за компетентно користење на компјутерот за изврШување на одредена задача. Учениците ја учат функцијата на софтвер апликациите. Ова им овозможува да изберат соодветен програм за да ја извршат доделената задача. Учениците учат како професионалните луѓе во вистинскиот свет го користат компјутерот.
ДТП
ДТП е вештина на користење на компјутерот за обликување на слики и текст за креирање на привлечна публикација. Учениците учат како да преуредат, да променат димензии и да форматираат слики и текст за ефективно да ја пренесат пораката до читателите.
Мултимедија
Мултимедија е комбинација на разни форми на медиуми како цртежи, текст, звук и анимација. Учениците ја оценуваат содржината на медиумската работа. На тој начин тие учат да креираат квалитетни производи со комбинација на различни медиуми.
Програмирање
Програмирањето е вештина на користење на кодот во одреден редослед за да се предизвика саканата реакција од компјутерот. Учениците ја учат функцијата на кодираниот јазик и како да нарачаат команди за да предизвикаат одредена реакција. Решавањето на проблемот на отклонување на грешките во програмот им овозможува на учениците да ја согледаат комплексната улога на програмерот.
Телекомуникации
Телекомуникациите се вештина на користење на Интернет како алатка за комуникација. Учениците учат како да користат е-mail, chat, www за да комуницираат со своите пријатели и со други луѓе насекаде во светот. Учениците критички ја проучуваат содржината на web страниците на Интернет, и врз основа на нивните пронајдоци, даваат значителен допринос на world widw web-от.
Бази на податоци
Базите на податоци се дигитален систем кој овозможува складирање на информации, нивно преправање и манипулирање, користејЌи го компјутерот. Учениците учат како да ги организираат податоците користејЌи дигитални или on-line бази на податоци. Ова им овозможува на учениците да станат умешни во пребарување и организирање на голем број на информации.
Графика
Графиките се слики кои се креирани дигитално, користејЌи го компјутерот. Учениците учат како да креираат дводимензионални и тродимензионални слики користејЌи различни софтвер апликации. Потоа учениците учат како да го изменат изгледот на сликата и како да направат некои промени во карактеристиките на сликата.
Работна околина
Работната околина е системот кој го користи компјутерот за меѓусебно дејствување на компјутерот и човекот кој работи на него. Учениците учат како да маневрираат во работната околина на Windows 95 или 98. Потоа тие ја учат основната компјутерска терминологија, грижата за компјутерите и нивното одржување, како и функцијата на хардверот.
Работни табели
Работните табели се метод на организирање и манипулирање со податоци во табела. Учениците ја учат функцијата на работните табели и како да внесат податоци во Ќелиите, истите да ги организираат и како да манипулираат со нив. Учениците можат да креираат различни дигитални прикази на податоците вклучувајЌи престметки и графици.
Обработка на текст
Обработката на текст е вештина на креирање на публикации користејќи го компјутерот. Учениците учат како да куцаат, користејќи ја тастатурата. Потоа тие учат како да форматираат текст и графика, и како да ја користат алатката за проверка на правописот и електронскиот речник.
|