/  Технички инструктор
 
   
   
 
 
  Технички инструктор


Техничкиот инструктор, познат како IT инструктор, технички тренер, инструктор за апликации или креатор на курсот, е IT професионалец којшто го пренесува сопственото техничко знаење на други. Оваа кариера од инструкторот бара да знае детално да пренесе високо техничи информации.

Од техничкиот инструктор се очекува постојано да се надоградува за да остане на врвот на техничкото поле коешто го одбрал, да се стекнува со практично искуство за најновата технологија преку лабараториска работа и консултации, да се подготвува за работата на час, да го насочува, па дури и креира курсот, да држи настава и да им помага на студентите да го совладаат материјалот и по часовите. Инструкторот мора да има одлично познавање од она што го предава. Исто така, за да може да го пренесе сопственото знаење на студентите, тој треба да има одлични комуникациски и интерперсонални вештини, да е талентиран, да поседува вештини за презентирање и јавно изложување, да има контрола на часот, да е способен да се придржува до наставниот план за работа и до распоредот, да умее смирено да се справи со непредвидените ситуации и проблеми, да знае да го пренесе своето искуство во реални услови, да е трпелив при работата со поспорите студенти и да знае да предизвика интерес кај оние студенти коишто мислат дека се сезнајковци.

Вие може  да станете технички инструктор доколку имате универзитетска диплома од компјутерски науки или инженерство, диплома од вишо образование од некој локален технички институт, или пак диплома од било какво образовани по завршување на средното образование. Меѓутоа, оваа професија се препорачува на сите оние коишто имаат нагон да ги испробуваат најновите бета продукти, на оние коишто се вклучени во некоја организација за себенадоградување, како на пр. Toastmasters International, и на оние коишто се заинтересирани да се сертифицираат за најновите продукти.

Техничкиот инструктор којшто предава воведни курсеви обично напредува во својата кариера како технички инструктор за понапредни и специјализирани курсеви. Работејќи, тој се надоградува професионално и како индивидуа, станува се пофлексибилен и може да работи со се повеќе курсеви и програми, со што си овозможува и постојано  зголемување на сопствената заработувачка. Техничкиот инструктор обично продолжува во светот на образованието како високо стручен советник, или пак ги искористува своите презентациски вештини за продажба на техничка роба или во маркетинг индустријата.

Платата зависи од вештините коишто ги поседувате, од вашето искуство и местото кадешто работите. Сепак еден талентиран и искусен технички инструктор може да достигне и плата од околу $70,000 USD, па и повеќе.

 

Begginer

Intermediate

Advanced

Microsoft Certifications

N/A

N/A

N/A

UNIX/LINUX/SUN Certifications

N/A

N/A

N/A

Vendor Neutral Certifications

N/A

CTT+ vs

N/A

 

Begginer

Intermediate

Advanced