| |
Вовед |
|
Сертифицирањето се користи во рамките на ICT (Information Communications Technology) индустријата со цел да потврди дека одредено лице се стакнало со бараното ниво на знаење или вештина коишто го прават компетентен за управување со имплементацијата на еден производ, услуга или систем. По својата суштина сертифицирањето не се разликува од процесот подучи/обучи/тестирај, процес којшто се користи веќе стотици години кај многу други предмети коишто се изучуваат.
Во текот на 70-тите, 80-тите и 90-тите, ICT продавачите на хардвер и софтвер почнаа да претставуваат голем број на нови производи. Секој производ беше покомплексен од последниот, и со пократок животен век. И така производите почнаа да се интегрираат еден со друг, така што се наметна потребата од учење на повеќе предмети за да може да се добие претстава за тоа како тие би делувале взаемно еден со друг. Производите истотака станаа поглобални и PC хардверските и софтверските производи станаа достапни во сите земји во светот. Сето ова доведе до огромен пораст на потребата од тоа луѓето да научат што е ICT. Се формираа голем број на образовни организации и се појавија ијладници нови наслови на ИТ литература во главните книжарници-се со цел да им олесни на луѓето при совладувањето на ИТ знаењата.
 |
Како што се развиваа ICT индустриите така во значителна мера растеше и побарувачката на ICT кадар и стана јасно дека беше потребно да се изнајде начин како да се провери дали едно лице навистина има доволно познавања од одреден производ или технологија. Така, индустријата го претстави сертифицирањето како начин за мерење и потврда за поседување на соодевтни знаења и вештини. |
Студент кој полага типичен испит за сертифицирање
|
|
|