Vodic niz sertifikacija (145KB)
 
   Референтен водич за сертификација


Денес, во областа на ИТ, се почесто професионалците се представуваат со разно-разни акроними во продолжение на нивното име. На пример, Петар Петровски, MCSE, CCNA, Security+. Или, Горан Мијалков, CCAI, CCNP. Во секој поединечен случај се работи за акроним кој ги опишува вештините и компетенциите на неговиот носител за одредена алатка, технологија или пак знаењата кои се движат од екстремно специфични (одреден модел на печатач, на пример) до општи знаења (информатичка безбедност, на пример).

Во моментов постојат над 700 различни ИТ сертификати за речиси секоја ИТ професија или техно-логија што можете да си замислите. Причината за нивното постоење е задоволувањето на потребите на како на ИТ професионалците така и на нивните работодавци во поглед на документирање и гарантирање на знаењата поврзани со одредена професија, технологија или активност.