MCPmag Salary Survey 2005 (54.8KB)
Graphic Arts Monthly's 2005 annual survey (54.8KB)
 AIGA Salery Survey  (900KB)
 
  Преглед на платите на IT професионалци


Една од работите која најмногу ги привлекува луѓето да градат кариера во областа на ИТ се релативно добрите плати која најмногу се должи на недостатокот на кадри. Во овој дел Ви ги пренесуваме годишните истражувања направени од најголемите и најугледните ИТ часописи и организации за платите на ИТ професионалците.

  MCPmag (http://mcpmag.com)
MCPmag.com е дневен електронски весник за Microsoft сертифицирани професионалци. Сајтот е наменет за глобалната заедница на IT менаџери и мрежни администратори коишто работат со мрежните продукти на Microsoft. Сајтот изобилува со технички информации и информации за напредок во кариерата. MCPmag.com нуди форуми за технологија и сертификациски прашања, краток преглед на сертификати и курсеви, совети за решавање на проблемите кај Windows системите и четување со експерти во врска со испитите, кариерата и проблемите коишто се јавуваат при инсталација на Windows.

  TCPmag (http://tcpmag.com)
TCPmag.com е online списание за Cisco интернет експерти. Сајтот изобилува со вести за Cisco сертифицирањето, Cisco опремата и технологијата.

  InfoWorld (http://www.infoworld.com)
InfoWorld е водечки издавач на технолошки информации и прегледи на тема вируси, firewall-и, безбедност, сервери, складирање податоци, мрежи, бази на податоци и веб услуги.

  Graphic Arts Monthly (http://www.gammag.com)
Graphic Arts Monthly Magazine (GAM) e списание коешто се издава 12 пати годишно и е наменето за сите оние коишто купуваат или се специјализирани за опрема за печатење.

  AIGA (http://www.aiga.org)
AIGA (American Institute of Graphic Arts), е професионална асоцијација за дизајн, којашто преку национални и локални програми, развиени од 55 општини и над 150 студентски групи, претставува група со членство од повеќе од 16.000 дизајнери. Основана во 1914 година, AIGA е најстарата и најголемата асоцијација за профсионалци коишто се заинтересирани за културата на дизајнирањето како дисциплина. AIGA е место кадешто професионалните дизајнери може да разменуваат идеи и информации, да земат учество во анализи и истражувања и да го надградат сопственото знаење. Симнете ја принтаната верзија за истражувањето за плати.