Vodic niz studii 2008
 Prijava za kvalifikaciski ispit

 Dokumetarec za
studiite na Akademijata
 
  Професија Специјалист за продажба


Специјалистот за продажба на ИТ е вклучен во продажба на хардвер и софтвер произведен од ИТ компании и софтверски куќи. Најчесто работи како дел од продажен тим како специјалист за пред-продажба или консултант. Рaботи и како технички експерт кога неговата компанија се обидува да продаде производ или услуга. Ова му овозможува на продажниот тим да се концентрира на откривање и обезбедување нови деловни можности. Специјалистот за продажба е еден од првите лица кои започнуваат комуникација со клиентот. Неговата улога е да открие кои се барањата на клиентот и дали производот или услугата кој им го нуди е соодветен или не. При тоа, тој треба да открие дали е потребна модификација на хардверот или софтверот со цел да се задоволат барањата на клиентот. Во исто време, тие даваат одговор на било кое техничко прашање кое клиентот би можел да го има.

Специјалистот за продажба потоа ги презентира неговите сознанија на техничкиот тим кој делува по потреба. Откако ќе се направат сите неопходни консултации со техничкиот тим, продажниот специјалист го презентира финалниот продукт или услуга на клиентот. Презентациите се витален аспект во процесот на продажба и на не-техничките лица им ги покажуваат можностите на продуктот. Откога сервисот или продуктот ќе се продаде, улогата на специјалистот за продажба завршува. Некои Специјалисти за продажба се концентрираат на специфична област во технологијата, додека други имаат поширока техничка улога. Продуктите или сервисите со кои тие работат варираат зависно од специфичната ИТ компанија или софтверска куќа. На пример,тие може да се специјализирани во финансиски софтвер за ефикасно работење на банки или нов хардвер за надградба на мрежа.

  Работно време и работна околина

Специјалистот за продажба вообичаено работи помегу 37 и 40 часа неделно, од 09:00 до 17:30, од понеделник до петок. Може да биде барана прекувремена работа во случај на поголема оптовареност. Флексибилност или хонорарна работа е возможна. Работата се одвива во канцеларија, иако некој може да работи и од дома. Некои специјалистот за продажба се грижат за поголема географска област, посетувајќи клиенти и помагајќи им во надградба на бизнисот. Оваа улога бара многу патување и возачката дозвола е речиси неопходна.


  Вештини и лични карактеристики

Специјалистот за продажба треба да :

  • има одлични меѓучовечки и комуникациски способности
  • има одлични продавачки способности
  • има големо ИТ техничко познавање
  • биде способен да превземе иницијатива
  • биде способен да води презентаци
  • биде способен да објасни технички поими на нетехнички лица
  • биде способен да пишува извештаи и понуди
  • работи сам и но и како дел од тим
  • има преговарачки способности
  • ефективно го менаџира времето

  Интереси

Особено важно за специјалистот за продажба е :

  • да има интерес за продажба
  • да е во чекор со напредокот на ИТ технологијата.