| |
Специјалист за продажба |
|
Специјалистот за продажба во денешно време бара многу способности кои не се сметале за важни во минатото. Продажбата е процес на развој на однос кон купувачот, откривање на неговите потреби, одбирање на соодветниот продукт за потребите и соодветно информирање или убедување. На продажбата се гледа како на важна форма на корисничка поддршка. Специјалистите за продажба мора да ја разберат теоријата на продажба, како и да управуваат со глобални територии и пазари. Мора да ја разберат психологија на купување и продажба, како да се слуша она што е кажано и некажано, како да се преговара кога виртуелно и нема веќе ништо за преговарање и како да се користат електронските алатки измислени пред 10 години.
Сертификационата програмата за Специјалист за продажба ги опфаќа методите за изучување на психологијата на клиенти, ги обучува кандидатите преку активности и процеси кои ја зајакнуваат теоријата преку практични примери, лабараториски вежби и проекти. Кандидатите во оваа програма нема само да посетуваат курс, тие ќе бидат директно поврзани со процесот на трансформација на нивните перспективи и одговорности, како и со креирање на вредности за нивните организации.
По успешно завршување на оваа наставна програма, студентите ќе можат да:
- добијат лични вештини и капацитет за учење што креира добар продавач
- стекнат основни продажни концепти и вештини како што се поставување вистински прашања, сослушување, презентирање, преговарање и затворање зделки
- научат принципи за управување со сметки
- креираат и управуваат со понуди преку стратегија до спроведување
- ефективно користат технолошки алатки за успешна продажба.
По успешното завршување на студиите студентите го стекнуваат звањето:
Специјалист за продажба на ИТ
|