| |
Професија Специјалист за поддршка |
|
Специјалистите за поддршка на корисници се одговорни за компјутерска и корисничка подршка. Нивната цел е да го разрешат секој хардверски или софтверски проблем преку телефон или на лице место. Тие може да овозможат техничка поддршка во самата компанија, да работат како поддршка за крајни корисници или како логистичка поддршка за продажниот центар. Зависно од околината во која работат, лицата за техничка поддршка можат да бидат третирани како help desk оператори, аналитичари, инжеnери, техничари, како прва или втора линија за поддршка, како PC техничка поддршка или како теренска поддршка. Во секој од овие случаи работата е слична. Техничката поддршка може да варира од решавање на едноставен проблем како на пример промена или креирање на корисничко име и лозинка, па се до покомплексни технички прашања кои се поврзани со отстранување на вирус или системска грешка. Во суштина тимот за техничка поддршка е задолжен за овозможување на стабилна и непрекината работа на оперативниот систем.
Специјалистите за поддршка на корисници се одговорни за следните области:
- Инсталација и конфигурирање на компјутерски системи
- Водење на техничка документација
- Разрешување на проблем преку телефон и на лице место
- Помош на корисници за пакетите кои ги користат
- Инсталација, конфигурирање и надградба на опремата и софтверот кој се користи
- Тестирање на неисправна опрема и соодветен сервис
- Овозможување на основен тренинг на нови корисници
- Воведување на корисниците во системот со корисничко име и лозинка
- Тестирање и оценка на новите технологии
- Спроведување на електрични и безбедносни процедури на комјутерската опрема
- Надградба или предложување на посоодветни софтверски пакети.
Работно време и работна околина
Специјалистите за техничка подршка работат помеѓу 37 и 40 часа неделно. Најчесто се работи во смени за овозможување на 24 часовна поддршка, вклучувајќи ги најоптоварените бизнис часови од 9 до 5 попладне. Работата преку викенди е честа како и можноста за хонорарна работа.
Тие можат да работат во обична канцеларија или на далечинска локација која им овозможува брз пристап до различни комјутерски локации. Работата може да вклучува и носење на опрема, седење, стоење и движење до различни комјутери за остварување на поддршката. Возачка дозвола е најчесто барана за персоналот кој не е лоциран во канцеларија.
Вештини и лични карактеристики
Специјалистот за техничка поддршка треба да :
- има јаки вештини
- биде адаптибилен и во можност да постави нови пакети и технологии
- има добри меѓучовечки и комуникациски вештини
- биде добар во разрешување и отстранување на проблеми
- може да работи повеќе работи истовремено давајќи им соодветен приоритет
- да се адаптира како поединец и како дел од тим
- биде упорен во она што го работи
- има иницијатива
- има логички пристап.
Интереси
Особено важно за специјалистот за техничка поддршка е да:
- ги следи новините во компјутерска технологија и трендови
- да ужива во решавање на технички проблеми во логичка смисла
- да ужива во работа со луѓе и да има добар однос кон клиентите.
|