| |
Специјалист за поддршка |
|
Градењето на кариера во сферата на Информатичка поддршка и услуги подразбира развивање на ИТ што од своја страна значи имплементирање на компјутерски системи и софтвер, обезбедување техничка поддршка и управување со информатички системи.
Наставната програма за Специјалисти за поддршка на корисници ги подготвува студентите за техничка кариера од областите: помошен техничар за поддршка (help desk support technician), техничар за поддршка во центри за повик (call center support technician ) или техничар за компјутерска поддршка (computer support technician). Оваа програма е дизајнирана да обезбеди учење преку директно техничко искуство, базирано на практични вежби директно поврзани со компјутерска инсталација и поддршка, мрежна поддршка, како и поддршка за Microsoft Windows околината. Студентите ќе се здобијат со неопходни знаења и способност да инсталираат, конфигурираат и одржуваат оперативни системи и со нив поврзани апликации.
По успешно завршување на оваа наставна програма, студентите ќе можат да:
- се подготват за стекнување на следниве професионални мрежни и комјутерски сертификати: A+, Network+ и MCP, MCTS, MCITP - Enterprise Support
Technician
- инсталираат, конфигурираат и надградуваат хардвер и софтвер за тековните оперативни системи
- дијагностицираат и решаваат проблеми од технички аспект
- изведуваат дијагностички тестови во врска со компјутерот и периферната опрема
- изведуваат безбедносни процедури
- опишат базични мрежни принципи како модели, мрежни сервиси, медиуми за пренос и уреди за поврзување
- ја идентификуваат улогата и функцијата на OSI и TCP/IP протоколите
- опишат базична мрежна сигурност, далечинска поврзаност и одржување на мрежа
- употребуваат софтвер за поддршка како и професионална вештини за сервисери
- конфигурираат и оддржуваат мрежни протоколи и апликации
- координираат успешно барање на соодветна работна позиција
По успешното завршување на студиите студентите го стекнуваат звањето:
Специјалист за поддршка на корисници
|