Збор-два за децата
Децата се најголемото богатство на секој родител. Тие се најголемата животна радост и му ја даваат смислата на животот. Тие се причината за сите наши откажувања и сите наши стравувања. Кога децата се мали, мали се и проблемите. Кога ќе пораснат, и проблемите стануваат се поголеми. Но за жал, еден ден, порано или подоцна, тие ќе мораат самите да го продолжат животот и сами да ги решаваат животните проблеми кои сега ние за нив ги решаваме. Но, што е тоа што нив ќе ги очекува тогаш, за некои 10, 15 или 20 години од сега? Ако се сега вакви условите за живот, што ли ќе ги чека во иднината? Верувам дека не постои родител кој барем еднаш не размислувал за овие работи. Конечно, со тоа што го читате овој текст само ја потврдувате оваа моја претпоставка.
Децата менуваат
Децата се една од најмоќните движечки сили во животот на еден човек. Кога се децата во прашање, ништо не ни е тешко – ни станувањето ноќе, ни жртвувањето на сопстве - ниот комодитет, ниту пак кога треба да се потрошат пари за нив. Кога човек за прв пат ќе стане родител, повеќе ништо не е како било порано - животот се менува за цели 180 0 . Со доаѓањето на свет на првото дете , родителите ги започнуваат и сите големи планови за неговата иднина. Како млад родител и самиот станав свесен за сите овие работи и забележав како мојата мала принцеза ме мотивира да правам нешта за кои никогаш до сега не сум размислувал да ги правам, дури и на професионален план.
Како прв човек во Едукативниот Центар Александрија, веќе 10 години одговорен сум за многу нешта. Се грижам за тоа нашите клиенти да бидат задоволни, за пријатната атмосфера што сакам да владее кај нас, за прием на нови вработени (па дури и отпуштања), за стручното усовршу - вање на наставниот кадар, па дури и за некои тривијални работи. Но, една од најголемите привилегии кои ги имам е донесувањето на одлуките кои се директно поврзани со иднината. Врз основа на одредени сознанија, како и врз основа на одредени случувања, донесувам одлуки по кој пат ќе се движи развојот на нашиот центар.
Родителска дискусија: за вредноста на работите
Пред нешто повеќе од една година учествував во една “родителска“ дискусија на која предмет на расправа беа вредностите на работите во животот, како и вредностите кои треба да им се остават на децата. Со оглед на тоа во одреден момент детето ќе мора да стане “свој човек“ и да продолжи само во животот, една од најважните обврски на секој родител е добро да го подготви за тоа. Се разбира, секој родител си имаше изградено свои ставови по одредени прашања. Едни сметаа дека е најважно на детето да му обезбедат стан за да не се мачи како што тие се мачеле, други сметаа дека е корисно секој месец да се “тргаат“ на страна по 50 – 100 марки (или повеќе) па кога детето ќе стане полнолетно да има добра почетна основа.
Што се однесува до овие ставови, моето лично убедување е дека сето тоа е бескорисно ако детето не научи како се заработуваат парите. Ако едно дете не стекне способност да го цени сопствениот а со тоа и туѓиот труд, тогаш се' она што така лесно и без труд ќе го добие “на готово“ исто толку лесно и ќе го загуби.
Конечно, мојот став беше дека на детето треба да му се даде нешто што ќе трае за цел живот. Се разбира, погодувате – се работи за знаењето. Toa e нешто што се стекнува цел живот и е работа која никој не може да Ви ја одземе. Може да останете без куќа, стан, возило... но знаењето што го поседувате е само Ваше.
Туку, да се вратиме на нашата тема: Каква иднина ги очекува нашите деца? Од денешна перспектива, работите не изгледаат премногу розево: 300-400.000 невработени, штрајкови на секој чекор, стопанство што не функционира, вработувања главно по партиска линија. Иако сето ова звучи како некој многу лош хорор филм и делува депримирачки и безперспективно, тоа сепак не значи дека треба да ја загубиме вербата дека еден ден работите нема да тргнат на подобро.
Каква иднина ќе имаат децата најмногу зависи од тоа како ќе ги подготвиме за неа. Ако сте согласни со мене дека само знаењата и вештините ќе бидат нивната најсилна “врска“ за пробивање низ животот, тогаш сте на одличен пат. Како што веќе реков, учењето не е лесен процес и трае цел живот.
Кога да се почне со учење?
Едно од многуте прашања кои родителите ги поставуваат е кога да се почне со учење и што да се учи. Познавам доста родители кои имаат став дека 3, 4 или 5 години е прерана возраст за учење, особено кога се компјутерите во прашање, што е апсолутно неточно. Денешните деца уште од првиот ден на раѓањето се опкружени со технологијата. Компјутерите, мобилните телефони, интернетот не се повеќе работа на престиж или статусен симбол туку начин на живот. Затоа, денес на децата им е толку нормално да седнат на компјутер и притоа да не чувствуваат страв од непознато, како што тоа е случај со возрасните кои во целата оваа ситуација се наоѓаат затекнати.
По способноста за учење, сферата на интерес, желбата за игра и забава децата се исти без оглед на тоа од кој дел на планетата се наоѓаат. Веројатно на сите Вас Ви е добро позната изреката дека децата учат од мали нозе. Всушност, децата учат од првиот ден кога ќе дојдат на овој свет.
Светот во кој живееме
Светот во кој живееме веќе целосно е зависен од техноло - гијата. Дури и денес, повеќе од 90% од работни места се поврзани со софистицирани познавања од работа на компјутер. Од друга страна, експлозивниот развој на техно - логијата и уште повеќе интернетот, придонесе англискиот јазик да стане универзален јазик на комуникација.
Раѓањето на Детската Академија
Имајќи ги предвид сите овие податоци, но и многу други неспомнати нешта, сосема логично се роди идејата за Детската Академија , како мој личен придонес за поси-гурната иднината на нашите деца . Детската Академија е составена од три катедри: за воспитно-образовни теми, за англиски јазик и за компјутерски технологии. Во фазата на нејзината подготовка си поставивме важна цел: “да им помогнеме на децата да се стекнат со знаења и вештини кои утре за нив ќе значат посигурна иднина и тоа на начин што за нив сето ова ќе изгледа како една многу добра забава“ .
|