| |
Полиса за изнајмување училници |
|
- Сите простории мора да се користат во таа состојба во којашто се изнајмени. Не е дозволено да се отстрани мебелот од просторијата.
- Доколку е потребна дополнителна опрема или мебел, тогаш побарајте помош од одговорното лице во Александрија. Не отстранувајте опрема или мебел од други простории.
- Координаторот за изнајмување простор мора да биде информиран доколку планирате било каква угостителска или друга поддршка на настанот.
Користењето на било каква поддршка на настанот треба да биде претходно одобрено од страна на Координаторот за изнајмување простор. Александрија не е одговорна за организирање и координирање на поддршката на настанот дадена од Ваша страна.
- Стручниот кадар на Александрија мора да го одобри користењето на надворешна опрема, софтвер и/или хардвер за да одреди дали сето тоа е технички изводливо. Оваа информација мора да биде соопштена 10 или повеќе работни дена пред почетокот на настанот.
- Доколку клиентот сака да ја откаже резервацијата за изнајмување на простор, тогаш тој мора да го стори тоа не подоцна од 5 работни дена пред почетокот на настанот, во спротивно ќе мора да плати за ненавремено откажување на резервацијата. Цената за ненавремено откажување на резервацијата ќе изнесува 25% од цената за изнајмениот простор. На Вашиот оддел ќе му се наплати времето потрошено за техничка поддршка, материјалите или сите оние трошоци коишто се направени се до моментот на Вашето откажување на резервацијата.
- Известете го Координаторот за изнајмување простор доколку во Вашата група има лица кои имаат посебни потреби. Во тој случај просториите би се уредиле така што би им ги задоволиле потребите на Вашите вработени.
- Посебните барања за дополнителна опрема, продолжено време на изнајмување итн. мора да му се достават на Координаторот за изнајмување простор минимум 10 работни дена однапред и истите треба да бидат одобрени од Администраторот на Александрија.
Доколку имате било какви прашања, можете да го контактирате нашиот Координатор за изнајмување простор на тел. (02) 307 3443.
|