Рекоа за нас


Кога за себе би кажале дека сме најдобри, најевтини, најсовремено опремени, нај, нај, нај, ....., најверојатно е дека во тоа нема да поверувате. Меѓутоа, особено не радува кога некој друг тоа ке го каже за нас. Во овој дел можете да прочитате што за нас велат:

  • клиентите
  • студентите
  • работодавците кои ги примија на пракса нашите студенти
  • македонски ИТ авторитети (за програмата на Академијата на ИТ)
  • високи функционери на Cisco
  • Медиумите

  Клиентите за нас
"Во одлуката на Министерството за Развој Александрија да ја изврши обуката на кадри од Министерството за работа со персонални компјутери, покрај поволните финансиски услови влијаеа и повеќе други фактори како на пример: искуството и референците на предавачите, квалитетот на подготвените прирачници, спремноста на центарот во целост да се задоволат барањата на Министерството во однос на термините за обука како и солидната опрема на која се изведува наставата.

Спроведената обука ги задоволи барањата на Министерството за Развој што може да се заклучи од фактот дека речиси сите вработени кои ги посетуваа курсевите брзо започнаа со самостојна работа и со примена на стекнатите знаења. Општиот впечаток е задоволителен. Верувам дека Александрија има можности да израсне во високо професионален и ефикасен центар за компјутерска обука.

Моја препорака за потенцијалните клиенти би била: Инвестирајте во знаењето бидејќи тоа ќе Ви заштеди драгоцено време со кои секојдневно се соочени оние кои без документација, соодветна обука и поддршка се упуштаат во користење на комплексни компјутерски програми, па дури и во професионални цели"

Тошо Мишевски, помошник на министерот
Министерство за развој на РМ

"Јас сум еден од професорите на овие млади луѓе кој им пренел дел од своето знаење. Прво што мислам да кажам е дека ова претставува една прекрасна идеја и јас лично сум воодушевен од нивната иницијативност, претприемчивост и храброст да се соочат, превземајќи нешто што е необично во нашава средина. Меѓутоа, сите откритија во сите времиња биле резултат на храброст и необичност. Овие млади луѓе, некогашни мои студенти, можат само да го потврдат тоа. Втората работа што сакам да ја кажам е дека, информатичкото образование и образованието во областа на информатиката и автоматиката, роботика и системско инженерство за 21-век претставува дел од знаење и култура која што е рамна на писменост.
Овие мои млади колеги се на одличен пат да го тоа понудат на нашава средина, во Скопје. Јас лично сметам дека нивниот потенцијал е далеку поголем.Тие можат да понудат она што треба пошироко во републикава. Се разбира не мислам дека тоа во никој случај го дезавуира образованието што го нуди универзитетот, или пооделно Електротехничкиот факултет во Скопје. Напротив, нивната работа ке биде комплементарна на она што го работи нивниот некогашен факултет.

Јас сум воодушевен! Со еден збор можам само да им честитам и да им посакам се' што тие можат самите да си посакаат."

проф. Др Георги Димировски, раководител на катедрата за
информатика, автоматика и системско инженерство,
Електротехничкиот факултет Скопје

"Развојот на информативниот систем воопшто, неговиот пробив во Република Македонија и навлегувањето на компјутеризацијата во сите пори на општествениот живот, наметна потреба од обука на кадри кој својата стручна работа ќе ја извршуваат со помош на компјутерска машина. Рационализацијата во политиката на вработувањето и потребата од зголемена ефикасност во работата се причини за големиот интерес за развој на информатиката и во сферата на нашиот ресор, како и можноста преку компјутерот да се поврземе со светскиот техничко - технолошки систем.

Иако, се повеќе се шири кругот на субјектите кои се занимаваат исклучиво со обука на кадри за работа со компјутери, сепак нивната конкуренција наметнува селекција во однос на изборот на школата. Тоа се наметнува од квалитетот на услугата и ефектот од обуката што го нуди секоја од нив.
Заради тоа, изборот за Александрија не е случаен туку произлегува од искуството што го добиле веќе обучените кадри и нивната успешност во реализирање на своите задачи преку работата со компјутери.

АЛЕКСАНДРИЈА нуди детално оспособување на сите оние кои имаат интерес да навлезат во светот на компјутерите. Стручно оспособениот тим кои работи во центарот нуди детално и целосно информирање, за она што значи компјутерско знаење и техника. Тие нудат без резевна помош и совети, дури и надвор од наставните часови и планови.

Секако дека големо влијание во одговорот на барањата на кадрите, кои се обучуваат, има и техничката опременост во центарот. Континуираното вежбање, практичната примена на стекнатите знаења од областа на компјутеризацијата, овозможува директно комуницирање со техниката, која е достапна во секое време - целото работно време на центарот.
Теоријата и практиката не може да бидат раздвоени целини, туку компатибилни со целокупната обука. Во таа смисла Александрија нуди не само прирачници и скрипти на кадрите кои се обучуваат, туку и стручна литература, совети, информации, за се она што е во доменот на компјутеризацијата.

Центарот е во постојана трка со времето и новите научно-технички достигнувања. Имено, се добива впечаток дека, наученото е веќе застарено, а желба да се посетуваат новите нивни програми и настави, со цел да се биде во тек со светските технолошки збиднувања.
Дури и првиот општ впечаток во Александрија - компјутерскиот центар оддава чувство на една пријатна средина, која не само што не оптеретува и заморува, туку напротив - создава вистинско задоволство за работа со компјутерите.

Затоа без никакви претензии и пристрасности препорачуваме на идните ученици, кои имаат желба и потреба за работа со компјутери да се јават во центарот, бидејќи ќе добијата без резервна поддршка и висок квалитет во обуката со компјутерската техника."

Жанина Кировска,
помошник на министерот
Министерство за Образование

  Македонски ИТ авторитети (за програмата на Академијата на ИТ)