Работа

Постои огромна разлика помеѓу институциите коишто нудат обука. Она што нас не прави посебни се луѓето коишто работат кај нас. Дојдете и придружете му се на нашиот тим. Оваа страница ви нуди информации за тоа како да станете соработник на Александрија.

   Во моментов имаме потреба од:

1. Инструктори по договор (пожелно со сертификати за следниве области)

Јава Програмирање
C++ Програмирање

2. Агенти за продажба

   Често поставувани прашања

1. Како може да почнам со работа по договор во Александрија?

  • Прво нешто што треба да направите е да го пополните Формуларот за аплицирање за работно место хонорарен инструктор. Особено е важно да ги наведете вашите сертификати, квалификации и износот на пари за којшто би работеле.
  • Потоа треба да ни испратите копија од вашата биографија и CV, како и пропратно писмо на email адресата alxinfo@alexandria.com.mk. Не срамете се! Ова е еден од најдобрите начини да дознаеме зе вашите таленти.
  • Конечно, последната работа што треба да ја направите е да се снимите себеси на видео како предавате еден од продуктите за коишто би сакале да држите обука. Видео снимката не мора да биде професионално направена. Само поставете ја камера на повисоко место и снимете се себе си како предаватe на компјутер. Пратете ни копија од вашата снимка (по можност во формат Mini-DV) на адреса: Александрија, Атинска 12, 1000 Скопје.

2. Колку часови може да има еден инструктор по договор?
Некои од инструкторите држат и по осум часа неделно, а некои само повремено држат по еден или два часа. Ние работиме со инструкторите по договор онака како што најмногу одговара на нивните потреби, а сепак во согласност со она што го бараат клиентите.

3. Какви квалификации се потребни?
За да успеете во Александрија, вие треба да можете да се снајдете во крајно предизвикувачки улоги како водач, слушател, решавач на проблеми и пред се ефективен инструктор. Ние бараме три основни работи од секој наш инструктор. Стручност, подготовка за час и пријатен однос кон слушателите.

  • Кога станува збор за стручноста задолжително е нашиот инструктор одлично да го владее продуктот односно областа за којшто ќе ја врши обуката. Инструкторот мора да сака да го надоградува своето знаење. Тој не само што треба да го има прочитано корисничкото упатство од прва до последна страница, туку треба да земе активно учество и во сродни дисциплини и дебатни групи. Инструкторот по договор мора да ги има положено испитите за здобивање со сертификат пред да отпочне со работата кај нас.
  • Кога говориме за подготовка за час, инструкторот мора темелно да го познава наставниот план и да даде краток преглед на она што ќе го предава. Исто така треба да има листа со стручни забелешки, сопствени примери и  дополнителни совети за студентите.
  • Ние бараме човек којшто ќе има пријатен однос кон останатите и којшто ќе ги сака луѓето исто онолку колку што ја сака технологијата. Постојат луѓе коишто се вистински гуру-а во техниката, но повеќе се фалат со своето знаење отколку што им помагаат на оние коишто знаат помалку од нив. Ние бараме човек којшто ужива да ја гледа искрата на разбирање кај другите, кошто е трпелив, забавен и со којшто може лесно да се соработува. Тој мора да е морален, да не се плаши да признае дека нешто не знае, да е одличен педагог и да знае да се справи со студенти со различно ниво на знаење. Нашето мото е "На луѓето не им е грижа колку знаеш, се додека не дознаат колку се грижиш за нив."

4. Кои обврски ќе ги имам?
Секој инструктор треба да потпише независен договор со клаузула според која се согласува да не работи приватно со ниеден од студентите или компаниите коишто ќе ги запознае држејќи настава во Александрија, т.е наплатата за секоја таква услуга мора да оди исклучително преку Александрија. Исто така, инструкторот се согласува да држи настава, и од него се очекува тоа да го прави редовно и најдобро што може. Инструкторот мора да гарантира за својот начин на предавање и нивото на стручност.

5. Како го регулирате исплатувањето на хонорарот/платата?
Ние секогаш го исплатуваме хонорарот во период од 10 до 30 дена по завршувањето на наставата, а понекогаш и поскоро. Доколку има потреба, може да се договориме со инструкторот да го добие хонорарот и по само една недела.

6. Дали може да работам со полно работно време?
Александрија вработува инструктори со полно работно време. Тоа најчесто се луѓе коишто имаат претходно работно искуство како инструктори. Најдобриот начин да добиете постојано работно место во Александрија е претходно да работите како инструктор по договор на дело. Ние веќе имаме неколку инструктори со коишто работиме по договор, и коишто ние без размислување би ги вработиле како постојани инструктори, но тие одбираат да ја задржат слободата и независноста што ја нуди договорот за работа на дело.