/  Процес на тестирање
 
   
   
 
 Vodic niz sertifikacija (145KB)
 
   Процес на тестирање


Со цел да се осигура дека средината во којашто ќе се одржува тестирањето и дека системите ќе останат силни, безбедни и проверени однадвор, поголем дел ICT индустријата користи независни продавачи (vendor-и) коишто ги испорачуваат тестовите и управуваат со инфраструктурата за тестирање низ целиот свет. Постојат неколку водечки продавачи (vendor-и) за тестирање коишто испорачуваат ICT тестови, а  Prometric и  Vue се  едни од најпознатите.

Секој продавач (vendor) на тестови има свој сопствен систем за тестирање и своја сопствена технологија, но во основа сите работат на ист начин. Во текот на ноќта или на барање, тестовите се симнуваат (даунлодираат) од продавачот на тестови на локалниот центар за тестирање и се е подготвено за полагањето на студентите. Сите тестови се енкриптирани што значи дека се безбедни без оглед на тоа дали се наоѓаат на системот на продавачот (vendor) или на локалниот центар за тестирање.

  Чекор прв: пријавување на испитот
Прво нешто што треба да се направи е да се пријави испитот. Она што задолжително мора да се направи е да се потпише согласност со правилата кои важат во центарот за тестирање (види прилог). При пријавувањето потребно е да се има валидна лична карта или пасош. За да се комплетира овој чекор потребно е и да се плати полагањето однапред. Ниту Prometric, ниту Pearson VUE не дозволуваат исклучоци од ова правило. Штом се изврши плаќањето, автоматски се потврдува и терминот за полагање испит.

  Чекор втор: полагање
Без оглед на тоа во кој дел од светот го вршите полагањето, правилата се секаде исти:

Идентификација – На денот на тестирање ни случајно немојте да заборавите да си ја понесете личната карта или пасошот. И Prometric и Pearson VUE инсистираат на тоа да имате уште едно средство за идентификација кое може да биде пасош, возачка дозвола, студентска легитимација...

Бидете точни – Со оглед на тоа што испитот може да започне само во точно определениот термин (ни подоцна, ни порано), обидете се да пристигнете во центарот за тестирање најмалку 15 минути порано. Задоцнувањето на испит има ист третман како и неположувањето на испитот. Внимавајте: повторно полагање поради задоцнување или недоаѓање на испит значи повторно плаќање на трошоците за полагање.

Добивање резултат – Веднаш по полагањето испит се добива одпечатен извештај со резултатите од испитот. Извештајот содржи податоци за центарот каде е извршено тестирањето, податоци за лицето кое полагало, податоци за испитот (шифра, наслов, датум) и, се разбира, резултат од испитот во вид pass/fail (положил/паднал). Вообичаено (но не секогаш) извештајот содржи и податок за тоа колку бода се неопходни за положување, колку вкупно бода освоил кандидатот како и колку бода освоил во секоја поедична категорија.

Верификација на резултатот – Доколку е потребно да се докаже дека некој испит навистина е успешно положен, доволно е да се посети веб страницата на организацијата која го врши тестирањето (на пр. www.vue.com/authenticate) и да се внесат кодовите registration и validation кои се наоѓаат на извештајот за положен испит. Веднаш потоа се добива официјална потврда од Pearson VUE дека лицето навистина го положило испитот. Всушност, ова представува on-line, електронска форма на извештајот кој се добива во печатена форма веднаш по испитот.

Недозволени активности
Најстрого е забрането влегување во просторија за тестирање со јакна или капут, торба, книга, тетратка или какво и да е парче хартија, мобилен телефон или какво и да е средство што може да му помогне на студентот да се служи со недозволени средства. Обидот за мамење на испит е крајно ризичен потег зашто води кон поништување на испитот, одземање на сите претходно стекнати дипломи и можност за доживотна забрана за стекнување ваков вид дипломи.