Поставете прашање
Приемни испити
П. Како ќе изгледа приемениот испит?
О. Кандидатот полага 2 испита: информатика (се проверуваа предзнаењето од соодветната студиската област) и англиски јазик (степен на познавање и разбирање). Времето предвидено за секој од испитите е 90 минути и истите се полагаат на компјутер со избирање на еден точен одговор на поставено прашање. Кандидатот се известува за резултатите во рок од половина час. Не е потребна посебна подготовка за приемните испити, затоа што ниту англискиот јазик можете да го научите за неколку дена, ниту пак може да научите за компјутерите она што некој со години го стекнувал. Смислата на приемниот испит е да ни помогне да констатираме кој е и кој не е предодреден за ваков вид студии.
П. Од какви прашања ќе биде составен испитот по информатика?
О. Прашањата ќе се одговараат со избор на еден точен одговор од неколку понудени, со користење на компјутерска апликација, а не практично. За илустрација посочуваме неколку примери:
1. Which statement about the recycle bin is correct?
A. All deleted files except media files are sent to recycle bin.
B. You can restore files from the recycle bin by right clicking and then selecting restore.
C. The recycle bin stores files for one month before permanently deleting them.
D. More then one file at a time cannot be restored from the recycle bin.
2. If you have a document typed in lowercase, how you convert the whole document into uppercase?
A. Select the document text and choose the All caps option under the menu Format -> Style
B. Select the document text and choose Corporate under the menu Format -> Theme
C. Select the document text and choose the All caps option under the menu Format -> Fonts
D. There is no such option available in Word
Запишување 
П. Колкаво и какво познавање на англиски е потребно?
О. Кандидатот треба да има солидно познавање на англискиот јазик за да може да учи од стручна информатичка литература. Во текот на студиите студентот континуирано ќе го изучува англискиот јазик (со особен акцент на конверзација), а паралелно со следењето на наставата ќе го збогатува и својот (технички) вокабулар.
П. Дали е точно дека само средношколци можат да се запишат на академијата?
О. Не. На Академијата можат да се запишат сите оние кои сакаат да стекнат знаења и меѓународно признати дипломи кои ќе им помогнат да стигнат до подобри работни места како во земјава така и во странство.
Финансиски прашања 
П. Дали книгите и материјалите се пресметани во цената?
О. Не. Материјали кои се потребни за да се подготви студентот за испит не се пресметани во цената на школарината.
П. Колку чини школувањето?
О. Школарината изнесува 2000 ЕУ за една учебна година (+ трошоци за материјали и полагање испити. За споредба, школување по истата програма во САД или Велика Британија чини околу 40 до 45.000 евра (над $50.000) без трошоци за сместување.
П. Кои се’ банки овозможуваат кредитирање на школувањето?
О. Кредитирање на школувањето на Академијата на ИТ го овозможуваат следниве банки:
Комерцијална банка (3296 800)
Охридска банка (3222 902)
Тутунска банка (3105 891), лице за контакт Коста или Сузана
Силекс банка (3249 390), лице за контакт Бисера
П. Дали постои некаква програма за стипендирање на успешните студенти?
О. Не, но постои нешто многу подобро од тоа: Во Александрија често пати се јавуваат фирми кои сакаат да вработат луѓе со одредени знаења. Академијата кон крајот на втората учебна година, т.е. при крајот на студиите преку Стопанската Комора, Асоцијацијата Масит (чиј член сме од 2003 год.) и медиумите ќе испрати повик до сите правни субјекти во земјата, кои имаат потреба од ваков вид експерти, да ја посетат веб страницата на Академијата каде што ќе можат директно, без посредници, да стапат во контакт со нашите дипломци.
Настава
П. На кој јазик се предавањата?
О. Наставата се изведува на македонски. Материјалите кои ги добиваат учениците се на англиски јазик.
П. Кои се професорите што ќе ја изведуваат наставата?
О. Во согласност со стандардите кои важат за ваков вид образование, наставата ја изведуваат сертифицирани инструктори кои ги поседуваат сертификатитет за секој од предметите за кои одржуваат настава. Инаку, во Александрија инструкторите се (ре)избираат доколку ги задоволуваат следниве критериуми: стручност, способност за пренесување знаење, трпеливост, љубезност, желба за надградување на сопственото знаење... Оценките ги даваат - студентите!
Напомена: професор е термин кој се употребува во случај на академски а инструктор во случај на професионални студии.
П. Од кога до кога траат семестрите (во месеци)?
О. Семестрите траат по 4 месеци а наставата започнува на 1 октомври.
Испити
П. Кога ќе се одржуваат испитите и колку ќе траат?
О. Испитите се изведуваат според однапред утврден распоред. Студентите испитите ги закажуваат неколку дена пред денот на полагањето, а доколку го пријават испитот а не се појават на полагање се смета дека паднале.
П. Како можам да бидам сигурен дека сертификатите се вистински?
О. Проверката на валидноста на дипломата може да ја изврши било кое лице на тој начин што на веб страната на Pearson VUE (организацијата задолжена за тестирање) внесува два параметра: registration и validation code. Внесувањето на овие две шифри го открива идентитетот на носителот на дипломата и сите релевантни податоци во врска со испитите, датумот на полагањето.
П. Дали има колоквиуми?
О. Класични колоквиуми нема. Но, затоа ќе има огромен број тестови на знаење (кои не влијаат на оцената на испитот) по завршување на секоја лекција или секција. Смислата на тие тестови е инструкторот да има увид во тоа колку добро го совладуваат материјалот неговите студенти. Секојдневните тестови му овозможуваат на студентот да има јасна представа колку добро ги совладува новите знаења и му помагаат да напредува со иста брзина како и останатите студенти во група. Со други зборови, тестовите се јасен сигнал дали некој студент заостанува или не.
Што потоа?
П. Какви се шансите за вработување во Македонија и во странство со ваквиот вид школување?
О. Статистички гледано, вработувањето Ви е стопроцентно. Имено, постои голем недостаток од ваков тип на кадри секаде во светот, вклучувајќи ја и Македонија. Значи, не само што работа за Вас ќе има, туку, прашањето е - за кого Вие ќе сакате да работите? Со ваквиот вид школување Ви се отвора можност Вие да бирате за кого ќе работите а не обратно.
П. Дали Академијата обезбедува работа по завршувањето на студиите?
О. Не. Академијата не гарантира дека ќе им обезбеди вработување на своите дипломци, но ќе направи напор тоа да се случи. Прочитајте го одговорот на претходното прашање.
П. Кое звање/титула се добива по завршувањето на студиите?
О. По завршувањето на студиите кандидатот се стекнува со звањето
- мрежен инженер
- мрежен техничар
- вебмастер
- веб дизајнер
- графички дизајнер
- специјалист за продажба
- специјалист за поддршка
- јава програмер
П. Каква диплома се добива на крај од студиите?
О. По положувањето на сите предвидени испити, Академијата на ИТ му издава диплома на студентот во која е наведено звањето што го стекнал. Освен тоа, тој добива и извештај за сите положени испити и стекнати сертификати.
Разлики помеѓу Академски и стручен пат
П. Дали е ова класичен факултет?
О. Нe. Станува збор за стручно образование со наставна програма подготвена според описот на одредени работни места.
П. Што е позначајно: да се има факултетска диплома или ваков вид на дипломи?
О. Истражувањето што го спроведе Комитетот за едукација и развој на работна сила помеѓу своите членови (водечки ИТ компании во Македонија) покажа дека 73% од работодавците предност им даваат на кандидатите со индустриски сертификати.
П. Дали постојат вакви образовни програми во странство?
О. Да. Единствена разлика е во височината на школарината.
П. Која е разликата помеѓу Академијата и класичните технички факултети (електротехнички и природно-математички)?
О. Разлики има повеќе а најважни се:
- Степенот на образование: Факултетите обезбедуваат високо а Академијата професионално образование,
- Должина на студии: на Академијата студиите, во зависност од избраната насока траат 2 или 4 семестри, додека на ПМФ и ЕТФ студиите траат 8 или 9 семестри.
- Опсег и длабочина на знаења: На факултетите се добива големи и во исто време широки знаења, додека на Академијата студентот се специјализира за конкретна област.
- Однос инструктор/студент: На Академијата секој студент работи на свој компјутер за сето време на студиите во група не поголема од 12 студенти. На факултетите вообичаено овој однос е многу поголем, т.е. на предавања кај 1 инструктор доаѓаат многу повеќе студенти.
Сертификација, вендори, тракови 
П. Што е CompTIA?
О. Со повеќе од 15.000 членови во над 90 земји, CompTIA e водечка ИТ асоцијација со влијанија во сите области на ИТ индустријата ширум светот. Повеќе од 20 години, Computing Technology Industry Association (CompTIA) е посветена на напредувањето на индустријата на информатичка технологија (ИТ) и на сите оние што работат во неа. CompTIA e посветена на помагањето и развивањето на IT индустријата на тој начин што промовира индустриски стандарди, ја развива професионалната ИТ експертиза, обезбедува едукација за ИТ вештини и развива релевантни бизнис решенија. Со цел да им служи поефикасно на индустријата и на членовите, CompTIA има развиено посебни иницијативи и програми посветени на најважните области во рамки на ИТ индустријата.
Тоа се пред се' иницијативи и програми насочени кон конвергенција на технологијата, е-бизнис, ИТ едукација и сертификација, public policy и усовршување на работната сила.
CompTIA, меѓу другото, и' служи на ИТ индустријата и како најголем светски развивач на ИТ испити и сертификати кои се независни од производителите. Експерти и индустриски лидери од јавниот и приватниот сектор работат заедно со CompTIA врз развој на испити и програми за сертификација, со кои ќе се потврдат знаењата и вештините што ги поседува еден индивидуалец. На тој начин, оваа група експерти обезбедува извор на знаења неопходни за создавање нови и усовршување на постојните испити. До овој момент, повеќе од 600.000 луѓе ширум светот се имаат стекнато со овие дипломи. Александрија е прв и засега единствен член на CompTIA во Македонија.
П. Што е CIW?
О. Програмата за сертификација на вештините базирани врз Интернет технологии - CIW (Certified Internet Webmaster) им е наменета на сите оние кои планираат професионално да се занимаваат со дизајн, развој, администрирање, заштита и поддршка на сервиси базирани врз Интернет или Интранет. Оваа програма нуди единствена можност да се научи, демонстрира и докаже компетентноста во областа на најновите Интернет технологии.
CIW програмата за сертификација е така подготвена што се базира врз клучни работни места кои на работодавачите им се потребни за да изведат одредени е-бизнис решенија. CIW програмата ги идентификува вештините потребни за одредено работно место и врз основа на нив ја заснова содржината, курикулумот и испитите за овие работни места и неопходни вештини.
Оваа програма, заснована врз описот на работното место, е независна од кој и да е производител на хардвер или софтвер и на индивидуалците, организациите и владините служби им нуди можност прво да ги препознаат а потоа и да ги стекнат Интернет вештини неопходни за одредено работно место. Сите сертификати од CIW програмата се признати од страна на IWA (International Webmasters Association – Меѓународна Асоцијација на Вебмастери) и АIP (Association of Internet Professionals – Aсоцијација на Интернет Професионалци).
Програмата за сертификација на Интернет вештините CIW, нуди широко индустриско признание на знаењата и вештините што ги поседува еден индивидуалец и е значаен фактор при вработува-њето или добивањето работна задача. Исто така, таа значи цврст доказ за компетентноста на одредено лице како Интернет профе-сионалец. Оваа диплома на потенцијалните работодавачи им служи како доказ дека носителот има поминато ригорозна обука и испити што го разликуваат од сите други не-сертифицирани конкуренти. CIW логото Ви носи статус на професионалец, серти-фициран според најпрестижната програма во ИТ индустријата.
Универзален стандард во веб сертификацијата
IWA (International Webmasters Association), непрофитна организација на Интернет професионалци е индустриски признат водач во област на обезбедување стандарди за едукација и сертификација. Во неа членуваат повеќе од 24.000 членови од 106 земји.
Оваа организација го има интегрирано водечкиот програм CIW за сертифицирање на интернет вештините во сопствениот програм Certified Web Professional со цел да се обезбеди универзален стандард за Веб сертификацијата. Во практиката, за да се здобие со статусот на IWA - Certified Web Professional, кандидатот мора прво да го стекне статусот на CIW професионалец, да демонстрира знаење стекнато во последните две години и секои три години да помине најмалку 30 часа обука.
Статусот што го има носителот на CWP сертификатот (Certified Web Professional) за Веб професионалците значи можност за зголемување на финансиските награди, подобри можности за вработување и побрзо напредување во кариерата.
|