| |
Што по студиите? |
|
По завршувањето на студиите, студентите имаат две опции: вработување или започнување сопствен бизнис.
1. Вработување
- Пракси. Еден од најдобрите начини да се дојде до работно место е преку професионалните пракси. По завршување на школската година студентите добиваат можност да се здобијат со практични знаења, работејќи волонтерски во фирми со кои Академијата ќе склучи договор. Со ова студентот, освен што ќе се стекне со драгоцени практични искуства, си обезбедува услови за идно вработување.
- Препораки. Академијата на ИТ Александрија е активен член на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ и соработува со најголемите ИТ компании во нашава земја. На членовите на МАСИТ како и на сите останати партнерски организации, Александрија им ги испраќа биографии и препораки за оние студентите кои со успех ги завршиле студиите.
- Алумни. Со завршувањето на студиите, студентите автоматски стануваат членови на Алумни клубот и со тоа редовно добиваат информации по електонски пат за отворените понуди за работа и останатите можности за професионална надградба.
2. Започнување сопствен бизнис
Академијата на ИТ во соработка со Норвешката истражувачка компанија СИНТЕФ во координација со Норвешкото министерство за надворешни работи, Секретаријатот за европски прашања и Институтот Отворено општество им помага на сите оние дипломирани студенти во зајакнувањето на нивниот претприемачки дух, нудејќи им помош за започнување сопствен бизнис.
Во рамки на проектот за јакнењето на претприемачкиот дух на младите, фондацијата ПСМ (Претприемачки Сервис за Млади) на студентите на Академијата кои имаат идеја или проект за започнување сопствен бизнис ќе им обезбеди:
- користење современо опремен деловен простор по повластени услови,
- опрема (во вид на компјутер, телефон, факс, интернет врска)
- капитал
- coaching
- мрежно поврзување
- обука за претприемништво,
- стручна помош од домашни и странски експерти од финансиски, сметководствени, правни и други стручни области
- можности за добивање кредити под повластени услови
- обезбедување деловни контакти со нордиските земји
|