| |
Партнерства |
|
Најстара информатичка образовна институција во Македонија!
Со 15 годишно искуство во изведување настава во област а Информационите Технологии, Александрија подготвува и испорачува иновативни решенија за широк спектар на клиенти.
Сето ова време, работиме со нашите клиенти за да ги разбереме нивните потреби а потоа да подготвиме и испорачаме соодветни решенија за обука. Разбирајќи ја потребата за мерење на успехот и резултатите, секогаш се трудиме нашите клиенти да постигнат максимално враќање на нивната инвестиција во знаењето.
Нашите напори насочени кон обезбедување највисок можен квалитет на услугите доведе до тоа Александрија да стане партнер на најзначајните компании и асоцијации во областа на Информационите Технологии.
Денес Александрија е:
 |
авторизирана регионална академија за компјутерски мрежи (Cisco Systems Networking Academy) на корпорацијата Cisco Systems. Cisco во светот важи како водечки производител на опрема за компјутерски мрежи. Денес, овој модел на школување и оваа наставна програма важат за едни од најквалитетните, а наставата ја посетуваат повеќе од 400.000 студенти во над 10.000 едукативни установи во повеќе од 150 земји ширум светот. |
>  |
авторизиран едукативен центар на корпорацијата SUN Microsystems, творецот на мегапопуларниот програмскиот јазик Java. Александрија го ужива статусот SUN Academic Institution, што во превод значи многу поволности за студентите и школување по најповолни можни услови по разработена методологија на SUN. |
|
прв и единствен член на CompTIA (Computing Technology Association) во Македонија. Формирана пред 20 години, тоа е најголемата и најстарата непрофитна асоцијација на водечките ИТ компании во светот. Во моментов во неа членуваат повеќе од 15.000 члена во над 90 земји, а една од нејзините најважни активности е дефинирањето стандарди во областа на информатичката едукација и сертификација. |
|
член на МАСИТ. МАСИТ (Македонска Асоцијација за Информатички Технологии) е волонтерска, непрофитна асоцијација која ги застапува интересите на приватните IT компании од областа на производство, трговија и услуги. Формирана во 2000 година од 15 водечки ИТ компании во Македонија, денес МАСИТ брои околу 60 члена кои имаат еднакви права и одговорности. |
|
авторизиран центар за тестирање на компанијата Pearson VUE, овластен за изведување испити со чие положување студентите стекнуваат сертификати од област на Информационите Технологии. Списокот сертификациони програми за кои оваа компанија изведува испити е огромен а меѓу најпознатите се Cisco, CompTIA, Sun, CIW, Adobe и многу други. |
|
авторизиран центар за тестирање на компанијата Prometric, која како и Pearson VUE врши администрација на испити за стекнување сертификати од област на ИТ на огромен број вендори меѓу кои најпознати се Microsoft, Oracle, Sun и многу други. |
|