Уписи 2009/2010     
 
 






 Водич низ студии 2011
 Пријава за квалификациски испит
 Водич за ориентација на студенти

 Документарец за
студиите на Александрија


 
   Отворени денови


Со цел да ја почувствувате атмосферата која владее во Александрија а воедно и да добиете одговор на сите Ваши прашања, Ве покануваме да присуствувате на некој од Отворените Денови на Академијата на ИТ.

Отворени Денови се одржуваат секој понеделник и четврток се’ до крајот на септември, со почеток во 19:00 часот и со траење од околу 1 час. Овој настан опфаќа две презентации.

Првата презентација се однесува на Академијата на ИТ, нејзината поставеност во образовниот систем, релациите со македонската ИТ индустрија и се’ што е заедничко за сите студиски програми. Втората презентација е тематска, односно се однесува на одредена студиска програма.

Презентациите ги водат инструктори од нашата Академија и се можност од прва рака да се запознаете со детали кои се однесуваат на наставната програма, испитите, вежбите, проектите, професионалните пракси како и перспективите кои ги нуди овој начин на школување.

По завршувањето на презентациите следува интерактивен дел на кој учествувате и Вие со Ваши прашања.

Чувствувајте се слободни со себе да донесете свој придружник (другар, пријател, родител...) на овој настан. Влезот на Отворените Денови е слободен, но во Ваш интерес е претходно да го најавите Вашето доаѓање за да можеме да го обезбедиме соодветниот инструктор за втората (тематска) презентација.


(задолжително)

(задолжително)

(задолжително)

(задолжително)

(задолжително)

(задолжително)


Заинтересиран сум за студиската програма:

  • Мрежен инженер
  • Мрежен техничар
  • Веб дизајнер
  • Графички дизајнер
  • Специјалист за поддршка
  • Специјалист за продажба