Се поголем број на компании стануваат свесни за значењето на спроведувањето обука во своите сопствени простории. Оваа флексибилна и исплатлива опција Ви дозволува да спроведете обука на голем или мал број вработени, на Вашиот тим или оддел и на секој друг во Вашата организација. Нема патни трошоци, а програмите се презентираат кога сакате и каде сакате-во Вашите канцеларии, во просториите на нашиот центар или на локација по Ваш избор. Згора на тоа ќе заштедите и на трошоците за продуктивност.
Нашата понуда за приватна/обука кај Вас се состои од следново:
Прилагодена содржина
Планирање и дизајн
Материјали за курсот и опрема
Инструктор-менторска работа (по избор)
Обука на мали (3-7) или големи (8-14) групи на студенти
Метод на обука кај Вас
Курсевите на Александрија можат да се држат такви какви што првично се, во модифицирана форма или целосно прилагодени на Вашите потреби за учење. Обуката кај Вас претставува идеално решение за спроведување обука на група вработени или обид за спроведување обука во рамки на целата компанија. Тоа нема да Ве чини многу и Вашите вработени нема да мораат да ја напуштаат канцеларијата. Ваквата обука е истотака адаптибилна т.е. направена е со цел да им соодветствува на целите коишто Ви се значајни и Ви овозможува да добиете моментални и мерливи резултати. Подобро речено, овој тип на обука е со ист квалитет како и обуката што ја добиваат клиентите кои поседуваат курсеви коишто се одвиваат секоја година во просториите на Александрија.
За поголем дел од курсевите нудиме два начини на одредување на цена:цена на курс за мала група (до 7 студенти) или цена на курс за стандардна група (до 14 студенти). Вие истотака можете да спонзорирате одреден курс којшто би се одржал во Ваши простории со тоа што би ја опремиле училницата и би помогнале во рекламирањето на обуката, а за возврат би добиле бесплатни места за следење на курсот чијшто број ќе се заснова на бројот на запишани слушатели од други компании.
Можете да стекнете извонредни знаења
Нашите сертифицирани инструктори не само што се стручњаци во областа којашто ја предаваат туку тие се истотака и надарени професори кои даваат максимум знаење и вештини за време на наставата. Имате можност да ги ангажирате како инструктор-ментори кои ќе ја следат обуката или ќе делуваат независно од истата.
Започнете со обука кај Вас уште денес
Александрија ќе изработи прилагоден и фокусиран план за обука на Вашиот тим, оддел или организација којшто ќе резултира во зголемена ефикасност и подобрена продуктивност.
Вие го добивате истото образование со врвен квалитет којшто го нудиме во нашите простории, ама за многу пониска цена. Едноставно пополнете го незадолжителниот формулар за да добиете понуда: