/  Мрежен инженер
 
   
   
 
 
 
   Мрежен инженер
 

Мрежниот инжинер, познат како постар систем администратор, мрежен аналитичар, WAN администратор, инжeнер за инфраструктура, мрежен архитект и дизајнер на мрежи, е IT професионалец кој креира и работи со LAN и WAN мрежи. Ова подразбира дека мрежниот инжeнер треба да го одбере (или барем препорача) хардверот и софтверот којшто би одговарал на IT потребите на организацијата, да ја воведе и да работи со новата опрема, како и да превземе корективни и превентивни мерки кај постоечката опрема што е во употреба.

Обврските на мрежниот инжeнер подразбираат анализирање на потребите на организацијата според кои се креира мрежната инфраструктура, нејзино имплементирање и одржување. Со исклучок на анализите и креирањето на мрежната инфраструктура, обврските на оваа професија се поклопуваат со обврските на мрежниот администратор. За да бидете успешен во оваа професија потребно е да имате одлично познавање од постоечките мрежни оперативни системи, мрежната опрема и мрежните протоколи, и основно познавање во програмирање на скрипти и bat фајлови. Бидејќи, мрежниот инженер мора да ги разбере потребите не само на корсиниците, туку и на организацијата, и мора да знае да ги продаде најдобрите решенија за мрежна инфраструктура, од него се очекува да поседува интерперсонални вештини. Исто така, мрежниот инженер треба да знае да ги креира мрежните планови, да употребува најразлични технологии, да знае кои технологии не може да функционираат заедно, да ја документира постоечката мрежна инфраструктура, да преговара, да открива и решава проблеми.

Вие може  да станете мрежен инженер доколку имате универзитетска диплома од компјутерски науки или компјутерско инжинерство, диплома од вишо образование од некој локален технички институт, или пак MBA диплома. Во секој случај, се препорачува да имате поминато низ некој тип на обука и сертифицирање за мрежна опрема и протоколи. Од голема важност е да сте претпазливи при изборот на инфраструктурните решенија и нивната употреба. Вие, исто така, треба да сте подготвени мирно и со трпение да се справите со неочекувани ситуации.

Мрежниот инженер најчесто почнува како мрежен администратор, а може да продолжи како професионалец за безбедност на системи или експерт за безжично поврзување (wireless expert). Доколку поседувате солидни комуникациски и интерперсонални вештини може да напредувате како IT или проект менаџер. Со секое напредување се зголемува и вашата плата.

Платата зависи од вештините коишто ги поседувате, од вашето искуство и местото кадешто работите. Сепак еден искусен мрежен инжинер може да достигне и плата од околу $60,000 до $80,000 USD.

 

Begginer

Intermediate

Advanced

Microsoft Certifications

N/A

MCSA 2000 vs
MCSA 2003 vs

MCSE 2000 vs
MCSE 2003 vs

UNIX/LINUX/SUN Certifications

Linux+ vs
LPIC1 Linux Junior Level vs

HP-UX CSA vs
LPIC2 Linux Intermediate Level vs
RHCT vs

RHCE vs
Solaris 8 SCNA vs
Solaris 9 SCNA vs
Solaris 9 Security vs

Vendor Neutral Certifications

A+ 2003 vs
CCDA vs
Network+ vs
SCP vs
Security+ vs
Server+ vs

NetWare 5 CNE vs
NetWare 6 CNE vs
SCE vs
TICSA vs

CCIE vs
CISSP vs
Master CIW Administrator vs
Master CIW i-Accelerate vs
MCNE vs
SCM vs

 

Begginer

Intermediate

Advanced


     
Едукација | Литература | Услуги | Кариера | IT News | За нас | Контакт