За студиите     
 
 





 Vodic niz studii 2008
 Prijava za kvalifikaciski ispit

 Dokumetarec za
studiite na Akademijata


 
  Настава

  Почеток
Наставата на Академијата на Информациони Технологии во учебната 2008/2009 година започнува на 1 октомври 2008.

  Инструктори
Наставата на Академијата на Информациони Технологии ја изведуваат искусни, сертифицирани инструктори. Наставата е комбинација од теоретска и практична настава, при што секој студент работи на свој компјутер за сето време на школувањето. Групите се релативно мали и изнесуваат од 9 до 12 студенти, така што инструкторот лесно може да го следи напредокот на секој студент.

  Лабораториски вежби
Со оглед на тоа што на испитот треба да се демонстрираат знаења и вештини, тие се стекнуваат на еден единствен начин – преку учество во практични лабораториски вежби кои се работат или самостојно или под надзор на демонстратор.

  Пракса
Со цел да стекнат поинакви знаења, на студентите ќе им биде понудена можноста да волонтираат во фирми и организации со кои Академијата има тесна соработка. Оваа активност не е задолжителна, но доколку студентот ја има изведено значително си ги зголемува шансите за вработување.

  Работни материјали
Академијата за секој студент ги обезбедува сите потребни материјали (книги, скрипти, работни тетратки, тест симулатори, видео туториали, книги во електронска форма и сл.) кои му се потребни на студентот за да ги положи сите испити опфатени со наставната програма. Сите материјали се на англиски јазик.

  Тест симулатори

Тест симулаторот е компјутерска програма што има за цел да му помогне на студентот во подготовката на испитите. Служи за проверка на стекнатото знаење на тој начин што верно се симулира полагање испит. При таа симулација се’ е исто како на испит, вклучувајќи го стопирањето на испитот (кога ќе истече предвиденото време) и добивањето краен резултат. На овој начин студентот добива реална слика за степенот на неговото моментно знаење и веројатноста за положување на испитот. Доколку студентот постигнува резултат недоволен за положување на испитот, тоа значи дека веројатноста од паѓање на вистинскиот испит е голема. Симулаторот во случај на неточен одговор го упатува студентот на дополнително учење на точно определен дел од книгата предвидена за тој испит или на локација на интернет.

  Препорака
Академијата препорачува секој од студентите да си обезбеди компјутер кој ќе го користи за учење. На оние студенти кои немаат свој компјутер, или пак компјутерот што го имаат е застарен, Академијата ќе им излезе во пресрет на тој начин што ќе им овозможи набавка на нов или надградба на постоечкиот компјутер по најниски можни цени.

На студентите од Катедрата за Графички дизајн им се препорачува поседување дигитален фотоапарат, по можност SLR (Single Lens Reflex).