Нашиот пристап


Интегрираното учење во Александрија ве води низ сите етапи на еден циклус на учење. Учењето е поделено на пет етапи  – Проценка, Учење, Зацврстување, Поддршка и Потврдување.  

Зошто е важно интегрираното учење?

Интегрираното учење е ефективно решение за учење затоа што им дозволува на учениците и  менаџерите за обука да ги спојат бизнис целите и учењето.
Интегрираното учење нуди можност да се оценат вештините на индивидуалците, да се следи нивниот напредок и да се спроведе обука во целата компанија, а со тоа ја прави инвестицијата на време и пари исплатлива.
Без оглед на тоа дали сте индивидуалец или раководител на одделение за човечки ресурси, интегрираното учење подразбира дека ќе соработувате со врвна образовна институција околу сеопфатни решенија за учење кои на крајот ќе Ви обезбедат мерливи резултати.


1. Проценка
Оваа етапа од интегрираното учење го започнува процесот на учење така што им помага на студентите да ги идентификуваат целите на обуката.
Со проценувањето на почетокот од процесот на учење, студентите и оние коишто донесуваат одлуки може да ги идентификуваат и одберат вистинските решенија за максимизирање на нивната инвестиција.

Проценувањето ги воспоставува целите и ја мери ефективноста на програмата за обука, притоа докажувајќи ја и нејзината вредност. Претходното оценување на нивото на знаење ио вештини ги идентификува дупките во знаењето и ги вбројува меѓу целите коишто треба да се постигнат со обуката. Подоцнежното оценување на знаењето и вештините докажува дека се постигнало потребното ниво на знаење.
Вие може да се оцените преку Александрија употребувајќи го Learning Port-от, нашата моќна Веб базирана алатка којашто им овозможува на организациите и индивидуалците да си ги оценат, зацврстат и валидизираат сопствените вештини.
За бесплатно да си ги оцените своите вештини кликнете Тука.


2. Учење
Александрија веќе 13 години е водечка образовна институција во Македонија за едукација во област на Информационите Технологии и располага со најголем број на курсеви под водство на инструктори за ИТ професионалци и десктоп апликации.


3. Зацврстување на знаењето
На најголемиот број на возрасни ученици им се потребни три методи на учење за да запамтат поголем процент од информациите. Како дел од моделот за интегрирано учење Александрија обезбедува алатки за зацврснување на знаењето со коишто му се овозможува на студентот да запамти што поголем дел од содржината на курсот и да напредува во процесот на учење.

Со цел да го подобри учењето Александрија користи најразлични извори и методи како на пример:

  Прирачник
Студентите добиваат прирачник за курсот како прегледна алатка која дава краток преглед на главните концепти и вештини со коишто се стекнувате по завршување на курсот. Овој Водич е пропратна брошура на секој курс.

  Референтни книги
Нашата книжарница располага со голем број одлични наслови од речиси сите области на ИТ. Овие книги може да се употребуваат со цел да го зацврснат знаењето и да го подобрат учењето во Александрија.

  Подготовка на испити
За оние IT професионалци коишто се подготвуваат за испит за сертификација, Александрија обезбедува услови за изведување симулации на сертификациони испити, со цел кандидатите да се подготват за испитот и да бидат спремни  да положат на првото полагање.


4. Поддршка
Покрај алатките и надгледните средства потребни при процесот на учење, секој студент во Александрија добива и дополнителна поддршка којашто му помага да го заокружи процесот на учење. Поддршката што ја обезбедуваме е драгоцено продолжение на алатките за зацврснување на знаењето.

  Тековни консултации
Ние му посветуваме внимание на секој наш клиент поединечно. Нашите инструктори ги поддржуваат business-to-business сегментите, функционираат како едукативни консултанти и нудат дополнителна помош за претпријатија и организации.

  Техничка помош
Техничката поддршката им е на располагање на сите наши студенти и подразбира помош од инструктор кој проценува дали нивното учење е на прав пат и оди според предвидениот план.

   Форуми
Форумите им нудат непроценлива можност на студентите да се запознаат, да ги продолжат дискусиите од курсот или да започнат разговор со други студенти од сродни класови или со оние со коишто имаат слични интереси. Постојат форуми на многу различни теми од IT областа коишто им овозможуваат на студентите да ја најдат соодветната помош.

  Тренинг Администрација
Преку унифицирани извештаи на системот за раководење со учењето, Александрија го следи напредокот и резултатите на студентите во процесот на учење.


5. Потврдување
Преку оваа компонента од интегрираното учење, студентот или менаџерот може да го идентификува стекнатото знаење, да утврди во кои области е неопходно натамошно подобрување и да ги оцени здобиените вештини.

  Оценување на курсот
По завршување на секој курс, студентите ги оценуваат нашите инструктори како и самите курсеви, со цел да се обезбеди квалитетна обука, најдобри услови и соодветна содржина на курсот.

  Оценување на знаењето на студентот
Употребувајќи ги алатките за подготовка, студентите може да си го оценат знаењето и да откријат колку постигнале со курсот.

  Анкета по завршување на курсот
Анкетата се спроведува 60 дена по завршувањето на обуката и помага да се идентификува подобрувањето на продуктивноста во работата во согласност со здобиените вештини. Од друга страна, оваа анкета и помага на Александрија да добива постојан фидбек (повратна информација) со којшто ќе може да ги подобри обуката  и услугите коишто ги нуди.

  Испит за сертифицирање
Како авторизиран тестинг центар на Pearson VUE, на студентите им нудиме можност да се здобијат со сертификат. Во нашите простории студентите може да го полагаат испитот во безбедна средина под надзор.

  Уверенија за стекнати знаења
Студентите може да ги видат своите уверенија за стекнатите знаења и положени испити online.