| |
Опис на професија Мрежен техничар |
|
Мрежниот техничар е одговорен за поддршка на мрежни корисници со било каков технички проблем. Неговата задача е решавање на секој хардверски или софтверски проблем, телефонски или onsite, на лице место.
Во зависност од околината каде што работи, мрежниот техничар често се нарекува и оператор за техничка поддршка, аналитичар, инженер или техничар, прва или втора линија на подршка, PC сервисер или теренска подршка. Каков и да е називот, неговата работа и одговорност во сите случаи е слична.
Работата на мрежниот техничар може да подразбира решавање базични проблеми, како на пример заборавена лозинка, но и посложени како на пример отклонување вируси или “паднат” систем. Како задачи можат да се појават следните:
- документирање технички проблем
- решавање проблем: на пр. пренасочување на проблемот кон поискусен вработен, телефонско решавање или решавање на лице место
- помош на корисници во нивното користење на ICT пакети
- инсталирање, конфигурирање или надоградба на нова опрема и софтверски алатки
- тестирање на опрема која функционира неправилно како и нејзина поправка по потреба
- давање базичен тренинг на корисници
- креирање нови корисници и лозинки
- советување за хардверска и софтверска надоградба
Работно време и работна околина
Мрежните техничари работат помеѓу 37 и 40 часа неделно, од 9 до 17:30 часот, од понеделник до петок. Не е исклучена и работа во смени за обезбедување на 24 часовна поддршка. Можно е и скратено четиричасовно работно време, обично во попладневни термини, најчесто кога ова работно место е второ работно место на лицето.
Работната околина најчесто е канцеларија или некоја истурена позиција која овозможува брз и лесен пристап до различни компјутерски локации.
Динамиката на работа може да вклучува носење на опрема, седење, стоење, како и движење до различни компјутерски локации за да се обезбеди потребната подршка. Возачка дозвола е често неопходна.
Вештини и лични карактеристики
Мрежниот техничар треба да:
- поседува добри ICT вештини
- може брзо да се адаптира на нови технологии
- има добри комуникациски способности
- биде добар/а при решавање проблеми
- може да работи повеќе работи истовремено и да знае да поставува приоритети на истите
- може да работи самостојно но и во тим
- биде темелен и прецизен во работата
- брзо и логички да размислува
Интереси
Особено важно за мрежниот техничар е:
- со интерес да ги следи новините од областа на ИТ и да биде во тек со тоа како работат компјутерите
- да ужива во решавањето технички проблеми на логичен начин
- да ужива во работењето со луѓе и да дава одлична техничка подршка на корисниците.
|