Vodic niz studii 2008
 Prijava za kvalifikaciski ispit

 Dokumetarec za
studiite na Akademijata


 
  Опис на професија Мрежен инженер


Мрежниот инженер е одговорен за компјутерската мрежа во една организација. Компјутерска мрежа се дизајнира со цел да им овозможи на вработените пристап до документи и податоци, корпоративните системи и електронска пошта како и пристап до Интернет.
Мрежните инженери можат да бидат дел од компанијата или да работат за некоја друга агенција овозможувајќи мрежна подршка на клиентите. Во зависност од големината и функцијата, може да постои повеќе од една мрежа. Постојат два главни вида на мрежи:

  • LAN (Локална компјутерска мрежа) -  која ги поврзува канцелариите и терминалите во една зграда на ограничена површина и растојание на компјутерите
  • WAN (Глобална мрежа) – која ги поврзува компјутерите национално или интернационално
Мрежните инженери се одговорни за следните области:
  • дизајнирање, тестирање и инсталирање мрежи
  • одржување и администрација на мрежа, на пример грижење за тоа дали е направена резервна копија на податоците
  • долгорочен раст и развој на мрежата
  • осигурување дека системите се сигурни и не дозволуваат пристап на неавторизирани корисници и хакери
  • менаџирање на техничкиот персонал кој работи на мрежите;
  • контролирање на буџет и анализа на цени – обично тие се луѓето кои им даваат препораки на надредените
  • развој на план за опоравување од катастрофи за да се осигура континуирана оперативност и во случај на сериозен инцидент

 Работно време и работна околина

Мрежните инженери работат помеѓу 37 и 40 часа неделно, од 09:00 до 17:30, од понеделник до петок. Посоти можност од прекувремена работа кога се инсталираат нови мрежи или при надоградба, каде што можат да бидат вклучени викенди и работа во вечерни часови. Не е исклучена можноста за работа на повик, во случај на решавањ ена некои итни проблеми.
Обично работат во канцеларија. Може да имаат само ограничени патувања.

 Вештини и лични карактеристики

Мрежниот инженер треба:
  • да има добри познавања од областа на ИТ
  • да има одлично разбирање за бизнис околината
  • да има добри комуникациски способности
  • да биде способен да ги предводи другите
  • да може да работи добро самостојно и во тим
  • да биде способен да работи во кратки рокови
  • да биде темелен и прецизен во работата
  • да биде способен да искористи нечија иницијатива
  • да биде способен да менаџира финансиски буџет
  • да знае да менаџира проекти
 Интереси

Особено важно за мрежниот инженер е:

  • да има способност за логично откривање и решавање на проблемите
  • да биде во чекор со развојот на ИТ и технологијата воопшто, и влијанието на истата врз бизнисот
  • да ги разбира потребите на клиентите и муштериите.