| |
Мрежен инженер |
|
Наставната програмата за Мрежни инженери ги подготвува студентите за техничка кариера во областа на управување со комјутерски мрежи. Оваа програма е дизајнирана така што ќе им овозможи на студентите кои успешно ќе ја завршат, да се стекнат со солидни практични искуства директно поврзани со комјутерски сервиси, мрежна администрација, дизајнирање и имплементација на инфраструктурни решенија базирани на Windows 2008 платформата и пред се' професионален пристап кон работата. Програмата опфаќа напредно изучување на комјутерските концепти со акцент на практиката која се употребува во модерните мрежи. Студентите ќе се здобијат со неопходни знаење и способност да инсталираат, конфигурираат, надградуваат, решаваат проблеми и одржуваат комјутерски системи и големи корпоративни мрежи.
По успешно завршување на оваа наставна програма, студентите ќе можат да:
- ги полагаат испитите за стекнување на следниве професионални сертификати: A+, Network+, MCTS, MCITP - Server Administrator, MCITP - Professional Database Administrator, MCITP - Enterprise Administrator, MCITP - Enterprise Messaging Administrator, CCNA, Security+
- поврзат локални мрежи со WWW-от користејќи Microsoft и/или Cisco решенија
- обезбедат основно и напредно администрирање и управување со мали и големи мрежи
- оптимизираат перформанси на сервери како и да развиjат планови во случај на мигрирање или замена на хардвер/софтвер
- анализираат LAN и WAN околини за сигурносни слабости
- работат на различни платформи, под различни оперативни системи и апликации за мрежно управување
- координираат успешно барање на соодветна работна позиција
По успешното завршување на студии студентите ги стекнуваат звањата:
- Мрежен инженер, (две годишни студии)
- Мрежен администратор (со завршена прва година)
|