Александар Пулиос, A+ Professional, MCP
студиска програма: веб дизајнер
учебна година: 2002/2003
По долгогодишно студирање на државниот Универзитет во Скопје, поточно на Архитектонскиот Факултет, решив да направам мала пауза, во која, ми беше целта да пробам да работам и да заработам. Во меѓувреме работев на повеќе места, се дружев со разни луѓе, но не беше тоа што јас го барав за мене.
Незнам како дојдов во контакт со еден флаер, на кој што пишуваше “Едногодишно студирање со кое се здобивате со светски признати сертификати”, беше некако во тој стил напишано, не се сеќавам точно. Стануваше збор за Академијата на ИТ Александрjа. Сето тоа што го прочитав многу ме заинтересира и решив да се запишам. Се разбира, немав доволно средства за да ги покријам сите тие трошоци, па ги прашав моите родители дали ќе можат да ми помогнат, со тоа што ќе инвестираат во мене и во мојата иднина. Се согласија.
Првото искуство и впечаток што го воочив, беше начинот на комуникација помеѓу вработените и професорите со студентите кои веќе беа запишани на Академијата. Студиите беа прекрасни, професорите исто така, и најважно од се околината и условите во кои што работевме и се дружевме беа исто така одлични.
Се здобив со одредени сертификати, кои верувајте, многу ми помогнаа во понатамошната соработка со повеќе компании, меѓу кои Рамсторе, Елка интернационал, Клинички центар и многу други. Во моментов работам во Fashion Group како графички дизајнер, компанија која се занимава со продажба на текстил од повеќе модни брендови како Timberland, Hugo Boss, Energy, Miss Sixty и многу други.
Според мене, за сето тоа се погрижи Александрија. Ми овозможи бројни контакти за работни места преку кои, бирајќи ги, стигнав до овде каде што сум. Моментално сум задоволен од мојата работа и работното место и очекувам во иднина професионално да напредувам.
Им препорачувам на сите оние кои размислуваат за студирање, да ги разгледаат можностите во Академијата на ИТ Александрија. Има отворено и нови студиски програми, за што потполно ги подржувам и им посакувам голем успех, како на нив така и на вас, новите студенти.
Лазе Милошевски, A+ Professional, Network+ Professional, MCP, MCSA, MCDBA, MCSE, CCNA
студиска програма: мрежен инженер
учебна година: 2005/2006, 2006/2007
На Академијата за ИТ се запишав во учебната 2005/2006 а мојата определба беа студиите за компјутерски мрежи. Пресудно да се запишам на Академијата беа големиот фонд на часови наменети за практични вежби, работењето на оригинална опрема од светски производители како и светски признатите сертификати. Разликата со другите факултети е во тоа што повеќе се обрнува внимание на практичната работа која е многу важна за успешно справување со реалните проблеми на работното место во иднина. Исто така, малите групи на студенти овозможуваат подобро следење на наставата, што пред се’ значи подобра комуникација на студентот со инструкторот и самостојно изработување на практичните задачи без делење на опремата со други студенти. Би го спомнал и начинот на полагање на испитите, кадешто по завршувањето на испитот веднаш се добива резултат дали студентот положил или не. Со начинот на полагање кој е спроведен на Академијата се избегнува можноста испитот да биде положен со “врски” или подмитување на инструкторот бидејќи се полага на компјутер и студентот го добива резултатот по самото завршување на полагањето. Голем впечаток ми оставија и инструкторите кои несебично го пренесуваа своето знаење и искуство на студентите.
По завршувањето на студиите, по препорака на Академијата се вработив во "Он.нет". Заедно со тимот со кој работам им помагаме на корисниците во решавањето на проблемите со кои секојдневно се соочуваат при користење на најголемата глобална мрежа во денешно време.
Одлична работа е тоа што и по завршувањето на студиите Академијата не ги заборава своите студенти. Тоа го покажува со редовно испраќање на информации за секое отворено работно место за кое компаниите побарале стручен кадар од неа. Исто така, редовно сме информирани и за новите курсеви и сертификати со кои можеме да го надградиме веќе стекнатото знаење.
За крај на идните сутденти би им препорачал да продолжат на Академијата на ИТ, да инвестираат во своето образование и знаење бидејќи еден ден тоа повеќекратно ќе им врати со што ќе можат да ги остварат своите цели и професионално да напредуваат.
Даниел Јанев, A+ Professional, CIW Associate, ACE for Photoshop CS2, ACE for Illustrator CS2
студиска програма: веб дизајнер
учебна година: 2006-2007
На Академијата на ИТ се запишав во 2006 - 2007 година, на студиската програма за веб дизајн. Иако претходно студирав, т.е. дипломирав на Филолошкиот факултет на катедрата за Англиски јазик и книжевност, се одлучив да се запишам токму во Александрија затоа што ми требаа специјалистични студии и образование насочено токму кон одредена област од ИТ технологијата, а истовремено здобивање со меѓународно признати сертификати. Во струката за која што дипломирав се поретко работам, едноставно повеќе се наоѓам себе си во графичкиот и веб дизајн, покреативно е и полесно можам да изградам кариера.
Она што од првиот ден на студирањето во Александрија ми остави посебен впечаток беше добриот пристап на инструкторите, секогаш спремни да помогнат. Втор многу битен факт беше учењето по нова и постојано update-ирана програма, а не некоја застарена. Но најбитно од се’ беше тоа што наставата не беше само теорија туку имаше секојдневна практична работа со која можеш лесно да се вклопиш на идното работно место.
Инаку, во моментов работам во “Пристоп МК” како графички и веб дизајнер. Од аспект на графичкиот дизајн изработувам layout-и, дизајнирам логоа и правам подготовка за печатење, додека од аспект на веб дизајнот креирам, поставувам и администрирам веб страни со HTML, CSS како и едноставни флеш веб страни, флеш банери и сл.
Околу вработувањето, би рекол дека практичното и теоретско знаење стекнато во Александрија, ако може грубо да се измери, ми помогна околу 70% да ја најдам сегашнава работа а останатите 30% се мојата воља и желбата да продолжам во таа насока.
Иако работата не ја најдов преку Александрија, многу ми значи што и по завршување на студиите, Александрија продолжи да комуницира со мене преку честите мејлови за отворени работни места со што покажува грижа за своите бивши студенти.
И за на крај на сите оние кое сеуште размислуваат каде да го продолжат школувањето или се двоумат дали да се запишат во Александрија, би им препорачал дека нема што да загубат. Мислам дека е најдобра можна инвестиција, која сигурно се исплаќа.
Дарко Наумоски, A+ Professional, Network+ Professional, Linux+ Professional, Security+ Professional, MCP, MCSA, MCSE, CCNA, CIW Associate, CIW Professional, Master CIW Web Site Manager
студиска програма: Мрежен инженер
учебна година: 2003/2004-2004/2005
Јас бев студент во првата генерација двегодишни студии во Академијата на ИТ Александрија, на студиската програма мрежен инженер. Претходно бев студент на факултет, но набрзо сфатив дека повеќе сакам да студирам во поинаква образовна институција. Повеќе ме интересираа конкретни знаења од најновите технологии во областа на ИТ, отколу пошироки академски знаења и немање на практично искуство. Едноставниот и прифатлив систем на оценување, етиката и сериозниот приод кон студиите и условите за студирање беа дел од причините за да се запишам во Александрија. Имав можност сето она што го учев теоретски да го применам и практично низ разни лабораториски вежби кои отсликуваа реални сценарија, не само теорија.
Со други зборови, во Александрија студиите беа конкретни. Се изучуваа компјутерски мрежи и сите други предмети беа поврзани со таа насока, додека на факултетот имаше предмети кои воопшто не се вклопуваа во наставната програма и непотребно го оптоваруваа студирањето. Лабораториските вежби, како и можноста за пракса за време на студиите беа вистинска промена од стандардниот начин на студирање. Начинот на оценување, односно полагање на испитите исто така беше голема промена. Тука бев сигурен дека моето знаење ќе биде објективно оценето и нема да зависи од никого освен од мене. Професорите беа IT професионалци кои ги имаа поминато студиските програми на Microsoft, Cisco, CompTIA, а воедно зад себе имаа огромно искуство во IT областа. Беа професионалци во своите области и имаше што да се научи од нив. Не беа само теоретичари. Своето искуство несебично го делеа со студентите, што беше од големо значење за нас како студенти во нашиот развој како IT професионалци. Беше задоволство да се учи од нив.
Во моментов сум вработен во “Логин Системи”, на работно место ICT Специјалист и воедно сум и тим лидер на Nortel Sales and Services тимот. Го работам она што го студирав, администрирање на мрежи, а во меѓувреме и напредував и во областа на комуникациите.
Во компанијата во која работам, Логин Системи, се следат светските трендови и особено се цени самоиницијативноста и постојаното усовршување на вработените. ИТ професионалците мора постојано да се во чекор со новите техонологии. ИТ е област која постојано се надградува и напредува.
За моето вработување, во голем дел заслуга имаат студиите на Академијата на ИТ. Знаењето кое го стекнав ме подготви за предизвиците во работата и претставува незаменливо искуство кое е значајно во понатамошниот тек за кариерата на секој ИТ професионалец.
Друга работа што е за голема пофалба и од која сум позитивно изненаден е комуникацијата со Академијатана ИТ по завршувањето на моите студии. Сеуште се чувствувам како да сум дел од семејството на Академијата на ИТ. Комуницирам со колегите, професорите, вработените и секогаш се спремни да ми излезат во пресрет за било кое барање. По завршувањето постојано бев известуван за вработувања во реномирани компании. Од особено значење за секој студент е кога знае дека по завршувањето на студиите не завршува комуникацијата со Академијата. Таа и понатаму се грижи за своите студенти и се спремна да им помогне. И понатаму често поминувам во Академијата да ги посетам моите пријатели кои ги стекнав во текот на студиите.
И на крајот на мојата приказна би им препорачал на сите идни, потенцијални студененти дека доколку сакаат професионално образование, кое е различно од класичниот факлутет, образование во кое ќе се стекнат со теоретски и практични знаења од најновите светски технологии од областа на ИТ, образование кое е во тек со светските трендови, тогаш без двоумење да се пријават во Академијата на ИТ. Јас го направив тоа и денес сум горд на својата одлука. Секој оној кој сака да открива нови технологии и да се надградува себе си како ИТ професионалец го избрал вистинскиот пат кон остварување на своите цели преку студиите во Академијата на ИТ.
Ирина Максимоска, ACE for Photoshop CS2, ACE for InDesign CS2, ACE for Acrobat
студиска програма: Графички дизајнер
учебна година: 2005/2006
На Академијата на ИТ се запишав во учебната 2005 година на студиите за Графички дизајн. Се одлучив да студирам на Александрија поради можноста да стекнам меѓународно признати сертификати и конкретно и практично знаење за студиската област што ја одбрав. Осебен впечаток за време на студиите во Александрија ми остави тоа што се посветува максимално внимание на односот со студентите и нивните потреби во врка со наставата, се нуди сета опрема што им е потребна и односот со професорите и воопшто вработените во
Александрија е пред се пријателски.
Во мометов работам како графички дизајнер во “ПроДизајн”, дизајнирајќи графички рекламен материјал и подготвувајќи го истиот за печат, и секојдневно остварувам професионална комуникација со многу клиенти на кои им ги нудиме нашите услуги.
За мојата сегашна позиција можам да кажам дека Александрија е 80 % заслужна давајќи ми пред се’ практично знаење, како и насоки кон тоа што значи да се биде ИТ професионалец, а останатото е мојата упорност и креативност.
Исто така, грижата на Александрија за студентите по завршувањето на студиите ми значи многу и многу сум задоволна, a со тоа уште еднаш се потврдува колку Александрија е професионално наклонети кон своитестуденти.
На идните студенти би им препорачала ако планираат да влезат во компјутерскиот свет и да се занимаваат со информатичката технологија да ја изберат Александрија за водич кон понатамошната кариера и нема да зажалат, бидејќи квалитетот на студиите, грижата и посветеност кон студентите е на високо ниво. Jас сум навистина задоволна и верувам дека ќе бидат и тие доколку се спремни на одговорно учење и посветеност кон тоа што сакаат да го работат.
Драган Митиќ, A+ Professional, Network+ Professional, Linux + Professional, MCP
студиска програма: Мрежен администратор
учебна година: 2004/2005
Во Александрија се запишав на 2 годишни студии за Мрежен инженер во 2004 година од една многу јака причина, стекнување на признаени сертификати и ИТ обука според врвни стандарди. Се’ што очекував и добив, професионална обука од страна на инструкторот, добри услови за настава и добра атмосфера додека траеше наставата.
Сега работам во "Кејблтел" на работно место Администратор, мојот работен ден е секогаш различен зависно од тоа какви работни активности се јавуваат и сл, но, во глобала си ја сакам својата работа и секој ден учам од новите предизвици.
Секако дека студиите во Александрија се заслужни заради тоа што ми ја дадоа правата насока во градење на мојата работна кариера.
Понуди за отворени работни места добивам редовно, грижата и подршката од страна на Академијата секогаш била на одлично ниво.
На сите потенцијални студенти на Александрија би им препорачал, “доколку се определувате за професионална обука во ИТ секторот, Академијата на ИТ Александрија е вашиот прав избор”.
Ивица Мартиновски, A+ Professional, MCP, MCSA, MCSE
студиска програма: мрежен инженер
учебна година:2005/2006
Отсекогаш сум сакал да студирам нешто што се разликува од стандардните факултети, а исто така веќе неколку години бев заинтересиран за компјутерските мрежи кои на другите факултети не се изучуваа и затоа кога дојде мојот момент на одлука, што понатаму со моето образование, ја одбрав токму Академијата на ИТ, Александрија и двегодишните студии за компјутерски мрежи.
Претходно се обидов со класични студии на Земјоделскиот факултет во Скопје. По природа сум потемпераментен и не го сакам стариот систем на образование што сеуште е застапен кај нас. Разликата со Александрија е огромна. Ако научиш за испит, во Александрија ќе положиш сигурно, а на нашите факултети шансите ти се 50-50. Искрено се чувствував како во средно училиште, по начинот на комуникација, имаше многу дружење и прекрасно си поминав.
Најголем впечаток во текот на студирањето ми оставија предавањата. Атмосферата на часовите беше опуштена, а сепак најголем дел од материјалот го учиш на самиот час, и за се’ што не ти е јасно на располагање ти стојат инструкторите. Поздрав до нив.
Во моментов работам “НЕКСКОМ“- новиот фиксен оператор, на позиција Технички специјалист. Поточно сега работам со телефони и телефонски централи, а подоцна кога ќе ја ставиме мрежата за WiMax Интернет ќе работам како администратор. Работам од понеделник до петок од 9:00-17:00, во канцеларија, во мојот град Тетово. Добив на поклон лаптоп и мобилен телефон од фирмата. Сега за сега е супер. Би му посакал на секој да најде ваква работа.
Но, да нагласам да го немав знаење стекнато во Александрија, немаше да го поминам ни интервјуто а не да ја добијам работата.
Друга работа што морам да ја признаам е дека Академијата многу се грижи за своите студенти. Кога студирав на мене и на моите колеги ни обезбеди пракса во неколку ИТ компании а по завршувањето на студиите редовно ми пристигнуваат mail-ови за секое слободно работно место за мојата струка.
И затоа на идните студенти им ја Александрија како мое лично искуство како за моето знаење што го стекнав така и за моето вработување.
Кристијан Петрески, A+ Professional, CIW Associate, CIW Professional, CIW Web Master, CCNA
студиска програма: мрежен техничар
учебна година: 2006/2007
Мојата обука во Александрија беше насочена кон стручноста што е потребна за мрежен техничар. Беа опфатени неколку предмети кои ми го дадоа потребното знаење за да станам Cisco Certified Network Administrator (материја поделена на четири засебни делови каде што е опфатен широк спектар на знаење поврзано со фундаменталните мрежни концепти, конфигурација и инсталација на рутери, спроведено со практични примери и вежби кои го симулираат паботното опкружување) потоа Certified Internet Webmaster (предмет поделен на три наставни дела поврзани со уметноста на дизајн на веб страни, изучување на XHTML и негова примена, алатки од типот на MS FrontPage и Adobe Dreamweaver, како и програмските јазици Perl и JavaScript) како и предметот CompTIA A+, поврзан со основите на работата на компјутерските системи.
Александрија како избор првенствено се случи поради фактот дека компјутерската наука и индустрија се во се' поголем подем и работната сила која што е потребна за задоволување на потребите во модерното општество изгледа виртуелно неисцрпна. Друг показател за мојата определеност беше стручната и техничката подготвеност на кадарот вработен во Академијата и условите кои ги задоволуваа за работна атмосфера.
Особен впечаток за време на студиите ми остави подготвеноста на професорите кои несебично го делеа своето знаење, опремата за практична работа во училниците, работната атмосфера, материјалите кои ни беа понудени за натамошен едукативен равој...
Од друга страна Александрија несебично продолжи да се грижи за своите студенти, навремено и задоволително сум известуван за секоја нова можност за работа.
Од мое позитивно искуство, би им препорачал на сите што се заинтересирани својата иднина да ја градат како професионални компјутерски техничари, дизајнери, администратори, од Александрија можат да очекуваат професионална обука и поддршка како за време на студиите така и по нивното завршување.
|