Младинска Академија на ИТ
  Што е тоа Младинска Академија на ИТ?

Младинска Академија на ИТ е вон-наставна, проектно базирана активност, наменета за средношколците кои се жедни за стекнување понапредни информатички знаења. Освен тоа, студиските програми на Младинската Академија на ИТ имаат цел да ги подготват учениците за градење возбудлива кариера во областа на ИТ. Истовремено, Младинската Академија на ИТ ги подготвува средношколците за нивниот следен чекор – академски или стручни студии.

  Наставна програма
Наставната програма е подготвена од големи тимови на едукатори, педагози, психолози, и се разбира, ИТ експерти на компаниите Adobe и Cisco, така што ги подготвува студентите за полагање испити со кои стекнуваат глобално признати професионални ИТ сертификати.
  Наставен кадар
Наставата на Младинската Академија на ИТ ја изведуваат искусни инструктори со повеќегодишно искуство во изведување ваков вид настава.
  Динамика на изведување на настава
Наставата на Младинската Академија на ИТ се изведува со динамика еднаш неделно, во сабота по 4 школски часа во текот на учебната 2010/2011 година.
  Почеток на настава
Наставата на Младинската Академија на ИТ ќе започне на 9 октомври 2010 година.
  Школарина
Студиска програма во готово на рати
Визуелен дизајн: Основи на дизајн и печатарска продукција 19.000 ден 8 рати по 2.500 ден
Дигитален дизајн: Основи на веб дизајнот 19.000 ден 8 рати по 2.500 ден
ИТ основи: PC хардвер и софтвер 19.000 ден 8 рати по 2.500 ден
Вклучено во школарината:
Комплет работни материјали.
  Испити и сертификација
По завршување на студиските програми посетителите полагаат финален испит и стекнуваат соодветен сертификат. Испитите се полагаат на компјутер под надзор на сертифициран тест администратор. Кандидатите кои успешно ќе го положат испитот сертификатот го добиваат по пошта во рок од 3-4 недели. Ваучерот за полагање испит за сертификација не е вклучен во цената.
  Рокови за пријавување

Пријавувањето на учениците се врши најдоцна до 9 октомври 2010 година и тоа:

  • преку веб страната на академијата, www.alexandria.com.mk, или
  • лично, во просториите на Александрија
  • телефонски, (02) 3073-443
  Услови за запишување, следење настава и полагање испит
Во Младинската Академија на ИТ може да се запише секој средношколец. Услов за запишување е познавање на англискиот јазик. Во моментот на запишувањето се потпишува Договор за школување со еден од родителите на ученикот. Услов за следење настава и полагање финален испит е навремено подмирување на трошоците за школување.