Изјави и препораки     
 
 





 Vodic niz studii 2008
 Prijava za kvalifikaciski ispit

 Dokumetarec za
studiite na Akademijata


 
  Мислења на локални IT експерти за програмата на Акедемијата

"Често на моите студенти им ја повторувам синтагмата "денес е веќе вчера". Затоа, и често им порачувам: ако сакате подготвени да се соочите со иднината, пред се треба да ги прифатите промените кои ги носат информационите технологии. И тоа, во сите сфери на општествениот живот, во сите пори на човековото комуницирање, изразување и создавање.
Промените што ги носат информационите технологии, прават брзо да застарува и нашето знаење. Не застаруваат само одделни знаења, туку и цели системи на знаења. Затоа, стекнувањето ново знаење преку формални и неформални системи на образование е обврска на управувачките структури на сите нивоа во општествениот систем. Во оваа функција поддржувам иницијативи на доменот на стекнување ново знаење за информационите технологии.
Можно ли е да се развива современ менаџмент во едно претпријатие доколку нема знаење за можностите на комуницирање преку интернет, за вклучување во информационата мрежа, за функциите и користите на е-бизнисот... Современиот менаџмент се повеќе ќе се интересира за информационите ресурси во споредба со материјалните ресурси, за пазарот на информации во споредба со пазарот на стоки, за вредноста и цената на информациите во споредба со вредноста и цената на стоките. Се развива нова категоријална апаратура со која мора да завладее современиот менаџмент доколку сака да развива бизниси што ќе ги почитуваат критериумите на глобалната конкуренција. Затоа, за бизнис секторот корисно е развивањето на ваков тип форми на образование како што е Академијата за Информациони Технологии."

Проф. Д-р Златка Поповска,
Економски факултет, Скопје

 "Ја поздравувам идејата и реализацијата на проектот за отварање на Македонска Академија на информатички технологии. Стекнувајќи се со специјалистички знаења од областа на интернет технологиите, компјутерските мрежи и работи во врска со хардвер, проектен менаџмент, безбедност, мрежни оперативни системи и MS SQL Server бази на податоци, студентите на Академијата ќе имаат можност да се стекнат со најшироко признатите уверенија во ИТ индустријата (Microsoft, CompTIA и CIW).
Лично сметам, дека во службите за информатичка технологија на сериозните приватни компании, јавни и државни институции неопходно е постоење на ваков високо-специјализиран кадар. Затоа, некои од нив, инвестираат во постојана едукација од ваков вид на своите вработени."

Лихнида Сајкова Џуклеска,
директор на оделение за ИТ,
Народна Банка на Република Македонија

"Разгледувајќи ја наставната програма на Академијата за информациони технологии, можам да кажам дека со испитите што таа ги обработува, за првпат во Македонијa се отвара можност на едно место да се формираат скоро сите неопходни кадри (администратори на мрежа, администратори на база, администратори на оперативни системи, IT security officers, e-commerce дизајнери и програмери, IT Project Mangers...)  за непречено функционирање на еден современ и ефикасен компјутерски центар. 
Со формирањето на базата на завршени студенти на оваа академија и со нејзиното објавување на интернет, компаниите од Македонија, па и од светот, ќе можат полесно да доаѓаат до специјализиран информатички кадар кој има предиспозиции многу брзо да се вклопи во работењето на истите, бидејќи јазикот на кој комуницираат луѓето од IT секторот е еден во цел свет."

Зорица Черепналкоска,
директор на дирекција за информатика,
Комерцијална Банка АД Скопје

"Во услови на исклучително брз развој на информационите технологии, концептот на класични студии не секогаш може да ја достигне нивната динамика, па специјализираните обуки претставуваат неопходен суплемент за ефикасно образование. Предложената програма го опфаќа јадрото на современите ИТ и нивното успешно завршување би требало да продуцира наполно оспособен ИТ експерт."

Доц. д-р Оливер Л. Илиев,
Електротехнички факултет,
Скопје

"Идејата да се организира ваков тип на студии, која ги вклучува во пакет најатрактивните курсеви кои во моментот можат да се најдат на светскиот ИТ пазар е оригинална и единствена барем за овие простори. На тој начин, за прв пат им се дава можност на младите да посетуваат организирана настава на подолг временски рок, врз основа на теркот и критериумите специфицирани од страна на водечките компании во ИТ индустријата, директно насочена кон градење на ИТ експерт, конкурентен за интернационалниот пазар.
Извонредната селекција на курсеви/испити, докажува дека изборот е добро смислен, со намера да го дефинира идниот ИТ експерт во повеќе ИТ области отворајки му ги низ настава, развојот и перспективите на ИТ индустријата.
Интерактивното одвивање на наставата е посебно значајно поради тоа што директно и практично го насочува студентот кон проблематиката со која во иднина и реално ќе се соочи, давајќи му едновремено и можност на студентот во секој момент да си ги процени своите капацитети во областите кои ги изучува.

И конечно најважното, преку овој тип на студии, студентот има можност да се здобие со завиден сет на сертификати кои ќе го докажат исклучителното ниво на здобиена стручност, која неспорно, ќе биде предуслов во процесот на изнаоѓање на атрактивно работно место во секоја посериозна компанија."

Александар Палчевски,
вработен e во Управата за Цивилна Воздушна Пловидба како експерт-инструкор за информационите технологии застапени во Воздухопловството.
Зад него се повеќе години искуство во проектирање, конфигурирање и  димензионирање на софтвер / хардвер за радарски, комуникациони и информациони системи, а едукативно е надградуван во неколку странски едукативни центри врз основа на современи едукативни методологии. Директен учесник е во интеграција на новите технолошки системи во контролата на воздушниот сообраќај.

"Ваквиот вид на образование и систем на оформување на информатички кадар е полезен и практичен. Произведените кадри ќе бидат подготвени да земат активно и рамноправно професионално учество во работни задачи и проекти  веднаш по успешното завршување на Академијата.
Стекнување на знаење кое е опфатено со програмата на Академијата, во сегашни услови се обезбедува на тој начин што фирмите и институциите ги праќаат своите вработени на ИТ курсеви. Тоа се токму оние курсеви кои ја сочинуваат програмата на Академијата, а се однесуваат на модерни информациони технологии применети буквално во целиот свет. Се разбира, за таквиот вид школување на своите ИТ кадри, фирмите и институциите плаќаат големи суми на финансиски средства. Ним би им било добредојдено на пазарот на трудот да најдат кадри кои веќе го изминале тој пат и се стекнале со соодветни знаења. Со тоа фирмата работодавец добива кадар кој е подготвен веднаш да се вклучи во практична работа, а истовремено е релаксирана во поглед на појдовни инвестиции за негово школување.
Ја поздравувам идејата за Академијата и и' пожелувам што поголем број на студенти."

Биљана Тентова,
Раководител на оделение за ИТ,
Народна Банка на Република Македонија

"Помина времето кога компјутерот беше моден шарен детал на Вашето биро, замислен да ги импресионира деловните партнери. Денеска партнерите очекуваат Data Connectivity, Database Querying и Transacts. IT технологиите се моливот и бизнис-кислородот на 21-виот век. Да се освои дел од денешниот интензивен деловен колач, во безмилосно компетитивно опкружување, значи да се биде digital, да се работи IT и да се живее Hi-Tech.
Добро имплементирана IT претставува универзална плодна почва за секој сериозен бизнис. Градење деловна стратегија, донесување одлуки, анализа на перформанси, инвестирање, консолидирање ... ништо од ова неможе да се ефектуира без поддршка од IT. Текот на информации во една фирма претставува нејзин крвотек. А доверливоста на таквата поддршка исклучиво зависи од спремноста на IT тимот да одговори на деловните цели.
Школувајте се, и школувајте го Вашиот IT тим. Во овој свет на динамичен развој, сепак има една традиција која со векови се провлекува како окосница на напредокот и развојот, тоа е едукацијата. А традицијата во Македонската IT едукацијата се вика ALEXANDRIA, Академија за Информатички Технологии."

Златко Черепналкоски,
Македонски Лидер на Meinl Bank Consortium за реструктуирање
и приватизација на АД ЕСМ


"Во новиот брзодвижечки свет, информацијата од вчера, веќе е историја. Бизнис заедницата, бара точни и навремени информации, а менаџерите можност да носат квалитетни одлуки за пократко време. Квалитетен Информационен систем е предуслов за квалитетна одлука, но само квалитетни ИТ кадри можат да стојат зад квалитетни информациони системи, а токму кадар со меѓународно признати сертификати од областа на Информационата Технологија, ќе бидат најбитна алка во ланецот на фактори за успешното работење на компанијата. Токму ваква можност се нуди во програмата на Академијата за Информациони Технологии."

Софче Јовановска,
раководител на ИТ центар,
Стопанска комора на Македонија

"Уште пред дваесетина години, професорите и студентите на ЕТФ и ПМФ знаеа дека моливот и хартијата рапидно го губат значењето, односно дека во блиската иднина нивното место речиси наполно ќе го завземат компјутерите. Таа иднина токму сега ни се случува нам.

Се прашуваме, што ли ќе се случува од сега натаму? Генералниот Секретар на ОН, Кофи Анан порачува: “Нашиот најголем глобален проблем во иднината ќе биде поделбата на оние што имаат и оние што немаат пристап до дигиталната технологија”. Статистичарите велат дека ако се продолжи со ваков тренд луѓето ќе се поделат на две биолошки врсти: тие што имаат пристап до технологиите како што се анализа на геномот, нано-роботика, бионика, итн, и тие што немаат пристап до овие технологии.

Сега е моментот да се реагира, да се подигне “дигиталната писменост”. Секој човек што денеска ќе научи да се користи со компјутерите представува еден човек помалку на црната листа на отпадници за дваесетина години."

Владимир Десков,
вработен на работно место .NET консултант во Citect, www.citect.com. Citect е најголемиот добавувач на софтвер за автоматизација на индустриски процеси и решенија од областа на менаџмент на информациони системи. BMW, BP, Coca Cola, Lockheed Martin,  NASA, Nestle, Mars, Pratt & Whitney, Siemens  се само некои од клиентите на оваа компанија.

Александрија како школа отсекогаш била пионер во идеите што ги нуди за едукација на кадри од сите возрасти, пред се во областа на Информатичката технологија. Со оваа идеја таа само ја потврдува својата оригиналност и препознатливост. Академијата за Информациони Технологии би била полн погодок не само за компанија од областа на ИТ, туку за секоја компанија која ги следи современите текови на бизнис окружувањето – која има потреба од вистински професионалци и ИТ експерти.
Самиот факт дека Академијата би опфаќала широк опсег на курсеви кои се строго дефинирани во ИТ областа, и следствено здобивање на цел пакет од ИТ сертификати кои се неспорно исклучително добро селектирани, но и меѓусебно во корелација, зборува за сериозноста и визионерскиот пристап на осмислувањето на Академијата. Она што и е потребно на професионална компанија е секако подготвен кадар, кој би можел да се носи во чекор со рапидниот тек на случувањата во ИТ индустријата. Инвестицијата во стручноста  и во себе е најголемата инвестиција за еден професионалец.

Да се има ИТ експерт кој излегол од една ваква Академија би значело да се минимизираат трошоците на компаниите за дообука на кадри спремни за практична работа."

Тони Петрески,
сопственик, Chairman & CEO на една од водечките IT компании во Македонија,
ИНет АД, компанија со 12-годишна традиција на пазарот на информациска технологија, препознатлива како по своите INetX персонални компјутери, така и по тоа што е IBM Авторизиран Партнер и сертифициран и овластен IBM Сервис за персонални и мобилни компјутери. Kако компанија нуди вредни и единствени IT&T производи и услуги и претставува извор на најдлабоките познавања од сите аспекти на IT&T бизниси.
 

Интервју со Ангел Киковски,
поранешен директор на ИТ центарот на Македонска Банка

П: Колку за Македонија, а уште повеќе за ИТ компаниите УТРЕ ќе бидат важни, барани и ценети носителите на овие дипломи?
Киковски: Од исклучителна важност, доколку сакаме Македонија да стане дел од развиена Европа и светот. Економскиот и технолошкиот развој денес, а уште повеќе од "утре" ќе има во основата информатички кодирана развојна компонента, а неа може да ја создаваат овој и на нив сличен тип на кадри.

П:
Колку лесно можат денес во Македонија да се најдат луѓе со вакви знаења?
Киковски: Воопшто не е лесно бидејќи немаме институционално решено прашање на образување на ваков тип на кадри.

П: Колку се барани луѓе со вакви знаења?
Киковски: Луѓе со вакви знаења се исклучително барани заради се' поголемото "поврзување" во својата куќа и надвор од неа.

П: Каква иднина можат да имаат оние што ќе ја завршат Академијата?
Киковски: Материјално и професионално веројатно ќе имаат добра иднина.
П: Каков е интересот на ИТ компаниите од поседување вакви експерти?

Киковски: Интересот за вакви кадри е голем, но само за готови кадри. Инвестирањето во такви кадри се одвива мошне "срамежливо". Можеби Вашиот чекор ќе биде вистинската форма и начин.

П: Дали ИТ компаниите во Македонија ги признаваат овие дипломи?
Киковски: Дефинитивно - ДА, бидејќи овие дипломи проверено (барем според моите искуства и информации) ги признава целиот цивилизиран и технолошки развиен свет.

Работејќи повеќе од дваесет години во новинарството лесно се детектира очигледната "дупка" во образованието на новинарите и покрај долгогодишното постоење на Факултетот по новинарство во Скопје. Уште поголема е празнината што нашиот образовен систем ја остави во однос на оние професии што се потребни за целосното комплетирање на новинарските производи. Тука особено зборувам за печатените медиуми, односно за графичкиот дизајн, печатарството како професија, следењето на развојот на новите технологии... Значи не зборуваме за дизајнот воопшто, туку за она што е многу поспецифично, а тоа е, како што ни го нарекуваме преломот во весниците и списанијата, нивниот дизајн, "lay out". Во Македонија нема образование за тоа. Се ова што е на "пазарот" е приучено, а сакаме да зборуваме за сериозен пристап и кон овој дел од бизнисот наречен издавање на весници. Како директор на два дневни весника ("Дневник" и сега "Време"), како сведок на бумот и на печатените медиуми во Македонија, и оваа професија станува повеќе од потребна.
Пазарот има потреба од добро обучени и образовани кадри од таа област. Сé уште ни недостасува таков кадар, обучен, образован што ги знае трендовите, графички дизајнери кои го следат развојот на технологијата. Безмалку се е тоа приучено, по дома, по книги, на интернет... но сите чувствуваме и знаеме дека тоа не е "тоа". Засега најголемиот дел од покривањето на нашите дупки во образованието се сведува на копирање, на следење на инстинктот, на некои приучени и недоучени правила, адаптирано на кирилицата и на овие услови... Оттука смета дека отворањето на еден ваков курс е навистина неопходно и дава голема шанса за брзо вработување и напредок во кариерата.


Александар Дамовски
директор
дневен весник Време