| |
Мисија и визија |
|
Мисија
Александрија им помага на поединци и организации да стекнат знаења и вештини неопходни за да:
- го достигнат својот максимален потенцијал
- бидат успешни и професионално напредуваат
- ги остварат своите цели.
Визија
Визијата на Александрија е да биде доживеана од страна на своите клиенти како организација која обезбедува најдобри решенија и услуги од областа на информатичкото образование.
За да ја оствари својата визија, Александрија:
- ќе работи на континуирано подобрување на услугите а со тоа и на зголемување на задоволството на клиентите,
- ќе ја промовира важноста на професионализмот,
- ќе соработува со асоцијациите на ИТ компаниите на развој и промоција на иновативни образовни програми.
Вредности што не' движат
Ние веруваме дека за да се создаде една навистина голема организација потребно е да се има постојан сет на вредности коишто ќе не водат.
Доверба |
Довербата е во сржта на една цврста врска и таа мора да се развива. Затоа ние мора :
- Да промовираме грижа, компетентност, обврска, комуникација и карактерност
- Да делуваме чесно и со интегритет
- Да се стремиме да ја кажеме вистината во вистинско време и на најдобар начин
- Да сме одговорни кон обврските што ги превземаме и да се трудиме да го исполниме она што сме го ветиле
- Да ја подобруваме довербата онаму кадешто тоа е потребно
|
Комуникација |
Ефективната комуникација го подобрува тимот. Затоа ние мора :
- Да комуницираме помеѓу себе, да комуницираме со нашите клиенти и со нашите претпоставени. Да комуницираме јасно, редовно и по можност во пишана форма
- Да се надоградуваме учејќи подобри комуникациски техники со помош на алатките и можностите коишто ги имаме на располагање
- Да ги документираме сите релевантни информации и да обезбедиме пристап до нив на секој оној којшто ни гарантира дека внимателно и со голема доверливост ќе работи со нашите информации
- Да разговараме за приоритетните планови и да го предлагаме крајниот рок на завршување
- Да ги пренесуваме промените на статусните информации редовно и веродостојно
|
Врска со клиентот |
Секој бизнис зависи од клиентите, а клиентите бараат решенија за специфични проблеми.Затоа ние мора:
- Да се посветиме на нашите клиенти за да може да ги разбереме и да им излеземе во пресрет, па дури и да ги надминеме нивните очекувања
- Да донесуваме одлуки коишто би биле од долгорочен интерес на нашите клиенти и нивните организации
- Да ја почитуваме и цениме врската со секој клиент и да работиме така што би имале долгорочен успех во Александрија
- Да воспоставиме и одржуваме ефективна врска со клиентите стекнувајќи ја нивната почит и доверба
- Да одржуваме постојан квалитет на услугите
- Да добиваме информации директно од нашите клиенти и со нивна помош да ги подобруваме услугите и продуктите коишто ги нудиме
- Да се стремиме од секој клиент и деловен контакт да направиме задоволен муштерија којшто ќе ги рекламира услугите на нашата компанија
|
Позитивност |
Луѓето се успешни само кога опстојуваат и работат во позитивна и инспирирачка околина. Затоа ние мора:
- Да се охрабруваме меѓусебно, да сме позитивни и да ги славиме успесите
- Да ги минимизираме фрустрациите нудејќи барем едно можно решение на проблемот
- Да се стремиме да се забавуваме и да го задржиме доброто расположение и пријатниот однос
- Да се обидуваме да го пронајдеме доброто во себе, во нашите клиенти и условите
|
Тимска работа |
Ефективните тимови може да постигнат многу повеќе од една група на најдобри индивидуалци . Затоа ние мора:
- Да ги здружиме луѓето во добро-балансиран тим со јак морал и дух
- Да го дефинираме успехот од аспект на целиот тим
- Да се поддржуваме меѓусебно кога треба заеднички да ја постигнеме целта
- Да негуваме отворен дијалог
- Да го охрабруваме чуството на припадност во тимот
|
Прилагодливост |
Технологијата многу брзо се менува и постојано се подобрува, што од нас бара постојано да се надоградуваме. Затоа ние мора:
- Да се посветиме и активно да работиме на постојано подобрување на себе си како професионалци
- Одговорно да ја употребуваме моќта на технологијата
- Брзо да ги прифатиме најдобрите искуства на иновативната и продуктивна технологија и индустрија
- Мудро да ги препознаеме и да се прилагодиме на силата и слабостите на техноплогијата
- Секогаш да ја провериме технологијата пред да ја примениме
- Да реагираме на промената на условите побрзо од нашите конкуренти
|
Почит |
Почитта на другите и себеси е главна компонента во секоја здрава врска. Затоа ние мора:
- Да се однесуваме професионално и со почит кон вработените, соработниците, претпоставените и клиентите
- Да делуваме со доверба во другите
- Да ја славиме хуманоста, сочуството и објективноста кај оние коишто не водат
|
Одговорност |
За да го постигнеме максимумот на нашиот потенцијал како организација ние мора да сносиме одговорност за резултатите од нашите дела. Затоа ние мора:
- Да бараме одговорност од себеси и другите, но и да имаме на ум дека човечки е да се греши
- Да ја препознаваме разликата помеѓу "добри грешки" (многу труд, но слаби резултати) и "лоши грешки” (нечесност, несовесност, мрзливост)
- Да ги прифаќаме сопствените грешки, а не за истите да обвинуваме друг
- Да бараме од секој да сноси одговорност во својата работа
- Да превземеме одговорност во процесот на решавање на личните и внатрешните проблеми
- Да ги прифаќаме последиците
|
Раководство |
Александрија ја има честа да работи со одлични луѓе. клиенти, врски и потенцијал. Затоа ние мора:
- Да одговараме пред акционерите кога станува збор за мудри инвестиции и нивната употреба, со цел да добиеме најдобар приход
- Да бидеме штедливи во употребата на ресурсите на компанијата и кон нив да се однесуваме како кон свои
|
Баланс помеѓу работата и приватноста |
Работата е важен дал од животот бидејќи ни овозможува да си ги дозволиме нештата коишто ги сакаме, но мора да имаме на ум дека работата не е најважниот сегмент на нашиот живот. Заота ние мора:
- Да работиме со енергија и ентузијазам додека сме на работното место
- Да се држиме до роковите и да сме свесни дека успешното постигнување на целта е поважно од времето поминато во канцеларија
- Да сме посветени на работните обврски, но и да имаме време за приватниот живот
- Да одбегнуваме однесување на workaholic
- Да одржуваме свесен баланс помеѓу работата и приватнит живот, и да не му дозволиме на ниеден од тие два сегменти да доминира
- Да поставиме граница помеѓу приватните и службените проблеми, а притоа да ја негуваме довербата и транспарентноста
- Да ги негуваме духовните вредности во себеси и другите
|
|