/  Научна Основа: Когнитивни теории



 

 
 
Detska Akademija - Brosura  (132KB)
Vikend-Svetsko obrazovanie na zabaven nacin  (191KB)
 
   Когнитивни теории

Овие теории се задржуваат на невидливите ментални процеси кои човекот ги употребува за да научи или запамети нова информација или вeштина. Во нашите проекти употребени се следниве теории:

  • Обработка на информации
  • Учење со истражување
  • Директни инструкции

  Теорија за обработка на информациите

Оваа теорија ги опишува обработката на информациите во мозокот, нивното складирање и пронаоѓање.

  • Сетилен егистер: Информацијата која треба да се запамети најпрво треба да ги допре сетилата на личноста. Потоа таа може да биде префрлена од сетилниот регистар во краткотрајната меморија.
  • Краткотрајна Меморија: Краткотрајната меморија е систем за складирање кој може да прифати ограничена количина на информации за неколку секунди. Се верува дека оваа меморија има капацитет од седум бита. Информациите кои се складирани во краткотрајната меморија мора потоа да бидат обработени за да се префрлат во долготрајната меморија.
  • Долготрајна Меморија: Долготрајната меморија е систем за складирање кој може да прифати голема количина на информации за подолго време.

Примена на теоријата за обработка на информациите:

Проектите не ги преоптоваруваат менталните ресурси на учениците.

Краткотрајната меморија е ограничена. Доколку се преоптоварат учениците, да мислат на многу работи во исто време, тие Ќе ги заборават инструкциите и нема да можат да ја довршат задачата до крај. Менталните ресурси на учениците не треба да бидат преоптоварени. Од оваа причина, проектите го земаат во предвид претходното знаење на учениците. Надградувајќи го стекнатото знаење, се активира ограничена количина од менталните ресурси назначени за учење на нови работи. Овие ресурси, за стекнување ново знаење, се активираат кога во проектите се учат технолошки вештини. Проектите во кои се бараат знења од математика и јазик, се многу упростени, така да се осигура дека вниманитето на учениците нема да биде усмерено кон пишувањето на извештај, туку кон форматирање на документот.

Проектите го надградуваат знаењето на учениците и нивните способности.

Проектите го земаат во предвид знаењето кое ученикот мора да го има стекнато претходно за да започне со учењето. Ова дава сигурност дека учениците имаат основа врз која ќе се надградуваат. Дел од знаењето е автоматизирано. Автоматизацијата го намалува оптоварувањето на меморијата на учениците. На пример, учениците веЌе знаат како да го користат глувчето, да отворат и да затворат одреден програм и да користат некои од програмските алатки. Ова овозможува учениците да ги учат понапредните карактеристики на софтверот, без да бидат преоптоварени во процесот на учење.

 Учење со истражување  

Јероме Брунер претпоставува дека учениците учат преку нивно сопствено активно истражување на концептите и принципите. Овој метод ги охрабрува учениците да бидат независни во учењето.

Примените на оваа теорија се:

Учениците треба да ги испитуваат и истражуваат софтвер апликациите.

Овој метод е најприкладен за откривање на функцијата на софтверските алатки и вообичаено се користи во почетните лекции.

Учениците мора да ги испитуваат своите сопствени интереси.

Нашите проекти не се ограничени, така да учениците можат да истражуваат во врска со нивните интереси, но во одредена рамка.

  Директни инструкции

Директните инструкции се целно-ориентиран начин на учење кој е составен од наставникот. Директните инструкции се спротивни на учењето преку истражување. Сепак, и директните инструкции и учењето преку истражување се применуваат во училницата. Некои вештини најдобро е да се научат експлицитно од наставникот. Четирите основни чекори на директните инструкции се:

  • Почетно загревање на учениците преглед на претходно наученото, фокусирање на вниманието на учениците, и одредување на целта на учењето.
  • Објаснување и презентирање информациите се презентираат на учениците во логички редослед со модели и покажување.
  • Проверка на разбирањето и вежбање со помош на наставникот учениците го испробуваат новото знаење и веднаш го применуваат како вежба .
  • Самостојно вежбање независно користење на наученото за да се заврши задачата.

Примените на директните инструкции се:

Ефективноста на "кликни и покажи" инструкции при учење на нова техника.

Целта на учењето е јасно определена на почетокот на лекцијата. Учениците поминуваат низ серија од инструкции чекор-по-чекор, водени од наставникот.