/  Како до IT сертификат
 
   
   
 
 Vodic niz sertifikacija (145KB)
 
   Како до IT сертификат?

Најкусиот и наједноставниот одговор на ова прашање е “Кога ќе се задоволат сите критериуми”. Помалку или повеќе, еве ги тие критериумите кои важат за речиси сите познати ИТ сертификациони програми:

  Еден или повеќе испити:
За да стекне сертификат, кандидатот, во зависност од избраната сертификациона програма, треба да положи најмалку еден испит, но не постои сертификат за чие стекнување е потребно положување на повеќе од девет испити.

  Образовна основа:
За некои сертификати е потребно да имате одреден степен на стекнато образование; за други пак е потребно да се има од 2 до 4 години работно искуство.

  Код на чест:
Кај многу сертификати од кандидатот се бара да потпише договор со кој тој се обврзува да почитува одредени етички правила како сертифицирани професионалци.

  Дополнителни прилози:
Во мал (но со секој ден се поголем) број сертификациони програми од кандидатите се бара да приложат свои проекти, извештаи или друга форма на работа во писмена форма.

  Нестандардни барања:
Во нив спаѓа пополнување формални апликации, праќање препораки од некој кој го поседува сертификатот, доставување видео касета со материјал снимен за време на настава.

Во најголем број случаи, сертификатите важат одредено време и за да останат валидни кандидатите треба да се подложат на ресертификација или полагање одредени испити. Кај многу програми задолжително е континуираната едукација, посетување конференции, семинари или дополнителна обука. Во некои случаи доволно е само да се изврши тест на знаењата на одреден интервал.