| |
Каде на пракса? |
|
Професионалната пракса е една од најважните фази во градењето професионална кариера во ИТ и представува последен чекор пред вработување.
Најчесто, праксата се изведува или во летните месеци или по завршувањето на студиите, односно тогаш кога студентите ќе ги исполнат условите за одење на пракса. За време на праксата, практикантите имаат можност во реални ситуации да го употребат стекнатото знаење но и да научат многу за работи како што се комуникација со клиент|колега|претпоставен, почитување зададени рокови, однесување во согласност со стандардите за професионална етика...
Најчесто тие работат под надзор на супервизор од организацијата и на крајот од праксата од претпоставениот добиваат документ – Професионална Препорака кој содржи оценки на работата и професионалното однесување на практикантот како и препорака за вработување.
Професионалната пракса на Академијата на ИТ е на волонтерска основа и не е задолжителна. Обично, на пракса одат најдобрите студенти, т.е. оние кои ќе ги задоволат критериумите на нашите партнери. Праксата се изведува кај партнерите на Академијата а тоа се главно фирми членови на Стопанската Комора за ИКТ – МАСИТ но и голем број други организации: рекламни агенции, печатници, репро студија...
Еве неколку примери за досега изведени пракси:
Он.нет |
работа во одделение за техничка поддршка |
СЕТ |
работа во сервис за хардвер |
Riversoft Computers |
работа во сервис за хардвер |
ИНет |
работа во сервис за хардвер |
Смарт |
работа во сервис за хардвер |
Град Скопје |
работа во сектор за ИТ |
Графички центар |
работа во печатница |
Арт Улица 26 |
работа во рекламна агенција |
Магнаскен |
работа во репро студио |
Ултра |
работа во одделение за развој на софтверски решенија |
|