Изнајмување училници


Дали имате потреба да соберете голема група на луѓе заедно со цел да им спроведете обука, да одржите состанок со нив или групно да ги тестирате? Александрија има реноме кога станува збор за обезбедување на одлични услуги на презентери и компании коишто имаат потреба од компјутери и училници. Ние имаме училници во коишто удобно можат да се сместат од 9 до 12 луѓе. Ние Ви обезбедуваме просторија, компјутери, LCD и др., а останува на Вас да обезбедите инструктор, ученици и прирачници.

Голем дел од нашите клиенти кои ги изнајмуваат нашите простории имаат потреба од инсталација на соодветен софтвер односно апикации. Доколку инсталацијата на истиот се достави навреме, нашите мрежни администратори ќе ја подготват училницата со потребната софтверска конфигурација.

Дополнителни услуги коишто им ги нудиме клиентите кои ги изнајмуваат нашите простории:

  • Интернет пристап од нашите канцеларии
  • Пристап до печатач и факс
  • Угостителски услуги на барање на клиентот
  • Комплетна техничка поддршка и поддршка во текот на одржувањето на организираниот настан во Александрија

Професионалните организации коишто држат обука за користење на напреден софтвер ги открија придобивките од нашиот нов и модерен училишен простор и најсовремената опрема.