Драган Дечков: “Во денешната ера на компјутери многу е потребно да имаме стручни кадри од сите сфери на компјутерската технологија во Македонија бидејќи така напредуваме и ние како личности и нашата држава. Јас лично би сакал да останам овде, бидејќи на Македонија и е потребен стручен кадар - изливот на стручен кадар е многу голем и така нашата држава осиромашува со најдрагоценото нешто. Иднината секако дека ја гледам овде во нашата Македонија.”
Ѓоко Крстиќ: “Мојата професионална иднина ја замислувам опкружен со компјутери, сервис, инсталација, умрежување, администрација и мислам дека овој колеџ e се што ми е потребно за да го овозможам горенаведеното и би сакал во иднина да имам своја сопствена фирма за компјутери бидејќи во денешно време на технологии се повеќе и повеќе светот се стреми кон компјутерите и човекот станува зависен и има голема потреба од компјутер како и од компјутерски стручњаци. Во иднина гледам добри услови за работа и добра плата, без разлика дали тоа ќе биде во Македонија или странство.”
Денис Житковиќ: “Во времето во кое јас живеам многу се вреднува познавањето на компјутерските наукии и мое мислење е дека во иднина информационата технологија ќе се развива уште повеќе, а со тоа ќе се отвараат нови можности и работни места за генерациите кои доаѓаат. Себе си се гледам во некоја софтверска фирма, како програмер, каде моето знаење стекнато во Вашата академија ќе можам да го употребам и развијам. Својата иднина ја гледам во Македонија, ако условите за работа се променат.”
Иво Трајковски: “Искрено, во оваа корелација на состојбите во Македонија, не се гледам себеси ниту ја планирам својата иднина овде, особено не на ова поле во кое заостануваме една светлосна година: (искрено се надевам ќе биде подобро). Првично планирам стекнатата диплома да ми биде еден вид адут и отскочна даска, како и своевиден гарант за подобра иднина надвор каде што можеби ова некој и ќе го цени. Во секој случај решен сум ова да биде мојата следна преокупација, едноставно затоа што ми е интересно и можеби затоа што ова е прв пат да се видам себеси во нешто поконкретно.”
Никола Стојаноски: “Секогаш се обидувам да одам напред учејќи нови работи. Се надевам дека ќе можам да ја пратам еуфоријата и брзината на растење на интер-нет технологијата. Во врска со работата мислам дека би работел секаде каде што би се чувствувал комотно и би уживал во тоа што го работам.”
Радмила Симеонова: “Како што имав можност да прочитам во водичот за студии, забележав една многу интересна работа а тоа е outsourcing-от, т.е. работа од дома за странска компанија. Ми се допадна идеата бидејќи ја сакам мојата држава и не сакам да бегам од неа. Сакам овде да работам, да бидам задоволна со заработувачката, без разлика каде ќе работам, во сопствена фирма или во друга.”
Златко Најденовски: “Мислам дека моите замисли за во иднина би можел да ги остварам токму во вашата Академија за Интернет Технологии. Би сакал да работам работа во која ќе дојдат до израз мојата интелектуална способност и креативност. По завршувањето сакам да работам во некоја фирма, но како расте моето искуство би сакал да основам и сопствена фирма.”
Марија Даутовска: “Можноста за добивање нови знаења за употреба на компјутерот како средство за креирање е одлична. Во текот на студиите на Архитектонскиот факултет во Скопје во процесот на изработка на задачите користев одредени програми, претежно за презентација на архитектонските остварувања. Така во иднина би сакала овие знаења да се продлабочат и усовршат. Имено, интересот за креирање споен со поголемите можности за вработување се главните причини за изборот на студиите во областа на Веб технологии и дизајн. Во однос на тоа што би сакала да работам, мислам дека е неблагородно и неизвесно да се коментира, особено во овие услови, но сепак творечката дејност и употребата на компјутери е она со што би сакала да се занимавам, а Академијата за ИТ т.е. делот за Веб технологии и дизајн е вистинскиот избор. Соочување со пазарот, недостатокот на ваков вид обучени кадри, ја наметнува потребата да се продолжи со образованието по чие завршување се надевам на подобра иднина во Македонија.”
Марин Тодоровиќ: “Академијата на Информациони Технологии ми изгледаше како најдобар избор за мене, затоа што со знаењето кое го добив овде можам да одам во било кој дел од светот и да заработам големи пари. “
Жељко Радишиќ: “Тука се запишав бидејќи ниедна друга институција не нуди ваква програма под вакви услови. “
Марко Кузмановски: “Затоа што ми се допаѓа начинот на предавање и тестирање и е многу подобар од класичните факултети. Планирам да продолжам а највеќе ме привлече програмата на Cisco. “
|