Изјави и препораки     
 
 





 Vodic niz studii 2008
 Prijava za kvalifikaciski ispit

 Dokumetarec za
studiite na Akademijata


 
  Изјави на работодавци

Колку сте задоволни од стекнатите знаења на нашите студенти?

 “Студентите покажаа дека се обучени за извршување работни задачи без додатна обука. Со својот професионален однос кон работата и знаењето за Windows 2000 и хардверот, својата пракса ја завршија одговорно и совесно. Доколку го задржат овој тренд на усовршување за ИТ и односот кон работата, сигурно многу фирми ке сакаат да ги видат како нивни вработени. “

Јован Гугулевски,
одделение за информатика
Министерство за труд и социјална политика

 “Искуството на Сервисното одделение на СЕТ Компјутери со студентите на Академијата, кои што ги посетувале курсевите во Образовниот центар Александрија, во многу ги надмина очекувањата на комплетниот технички персонал. Практикaнтите во секое време беа подготвени да одговорат на најразлични задачи, а често и последователно, од сосема несродни области на познавање.

Сепак, тоа што најмногу нé изненади беше чувството за тимска работа, одговорноста и предизвикот за работа на практикантите, што секако не е резултат само на стручниот аспект на наставата туку и пристапот на Александрија кон предавањето на оваа материја на своите студенти! “

Гунтер Кубе,
Технички директор
СЕТ Компјутери

 “Неодамна кај нас во Инет дојдоа на пракса неколку студенти од катедрата за компјутерски мрежи при академијата за ИТ Александрија.

Бевме пријатно изненадени од сериозноста во пристапот кон работата и солидното теоретско знаење на овие студенти. Тие за многу краток временски период успеаа да се вклопат во нашето професионално секојдневие.

Јас лично сум убеден дека овој начин на школување во комбинација со професионална пракса води кон создавање на ИТ професионалци според потребите на пазарот. “

Сашо Тасевски
Менаџер на услуги
Инет АД