IT Кадрите во Македонија (388КB)
 IDC European Skills Shortage Summary (214KB)
 Deutche Bank IT Outsourcing (600KB)
 Will an Increasing Shortage Hamper Competitiveness in the Global Market? (593KB)
 Press Release (33KB)
 
  Истражување на МАСИТ: ИТ кадрите во Македонија - состојби и потреби


Во текот на мај 2005 година, Комитетот за едукација и развој на работна сила на МАСИТ спроведе истражување помеѓу членовите на асоцијацијата. езултатите од истражувањето беа презентирани на тркалезната маса во Стопанска комора на која освен представници на факултетите кои продуцираат ИТ кадри беа присутни и странските донаторски организации, медиумите и членови на МАСИТ.

Во продолжение се резултатите од истражувањето.

  Дали профилот на кадрите кои ги создаваат постоечките високо-образовни установи ги задоволуваат Вашите потреби?

a. Да, во целост ги задоволуваат . . . . . . 0,00 %
б. Делумно ги задоволуваат . . . . . . 88,50 %
в. Не ги задоволуваат . . . . . . 11,50 %


  Дали сметате дека студентите со завршувањето на додипломските студии на постоечките технички факултети се подготвени веднаш да се вклопат во вашето работно секојдневие?

а. Да, веднаш. . . . . . . 0,00 %
б. Да, по 1 до 3 месеци пракса на работно место . . . . . . 11,50 %
в. Да, по 3 до 6 месеци пракса на работно место . . . . . . 50,00 %
г. Да, по 6 до 12 месеци пракса на работно место . . . . . . 34,60%
д. Да, по 1 година пракса на работно место . . . . . . 3,8%


  За да еден штотуку дипломиран студент од постоечките технички факултети биде употреблив за нашата компанија дополнително инвестираме во неговото знаење.

а. Сосема се согласувам. . . . . . . 88,50%
б. Делумно се согласувам. . . . . . . 11,50%
в. Не се согласувам. . . . . . . 0,00%


  Ве молиме објаснете на кој начин инвестирате во знаењето на штотуку дипломираните студенти од техничките факултети?

Најчести одговори:
  • Обука на работно место
  • Обука во домашни и странски тренинг центри
  • Семинари
  • Техничка литература
  При прием на нов (ИТ) кадар во вашата компанија, практичните знаења на кандидатот:

а. Секогаш се од пресудно значење. . . . . . . 73,10 %

б. етко кога се од пресудно значење.

. . . . . . 26,90 %

в. Не ни се важни. . . . . . . 0,00%


  Како го оценувате степенот на практични знаења на штотуку дипломираните студенти на постоечките технички факултети?

а. Одличен . . . . . . 0,00 %

б. Добар . . . . . . 19,20 %
в. Слаб . . . . . . 65,40%
г. Незадоволителен . . . . . . 15,40%


  При прием на нов (ИТ) кадар во вашата компанија, што Ви е поважно:

а. Кандидатот да има факултетска диплома . . . . . . 26,90%
б. Практични знаења + индустриски сертификати . . . . . . 73,10%


  Дали Вашата организација би примила студенти на пракса?

a. Да, дури и би им платиле соодветен надомест . . . . . . 30,80%
б. Да, но не сме подготвени да им платиме надомест . . . . . . 53,80%
в. Не . . . . . . 15,40%


  Дали Вашата организација има договор за соработка со некој од техничките факултети во врска со прием на студенти на пракса?

а. Да . . . . . . 15,40%
б. Не . . . . . . 84,60%


  Кој е според ваше мислење најголемиот проблем (недостаток) со кој се соочувате во процесот на прием на нов (ИТ) кадар? Што би им сугерирале на факултетите - на што да обрнат внимание?

Најчести одговори:
  • Недостаток на практична работа
  • Премногу теоретска наставна програма
  • Недостаток од комуникација со работодавците
  Набројте ги трите најважни технички вештини кои ги барате, но не можете да ги најдете на пазарот на работна сила?

Најчести одговори:

  • Воспоставување релација помеѓу ИТ и бизнис процесите
  • Доволен број програмери
  • Проект менаџмент специјалисти
  • Специјалисти за хардвер
  • Мрежни инженери и имплементатори
  • Вештини за продажба на ИТ опрема и услуги
  • Презентерски вештини

Написите во дневните весници можете да ги погледнете овде:
| Вест | Утрински весник | Вечер |