Почеток
Сите испити на Академијата на ИТ (освен дел од испитите на студиите за Графички дизајн) се изведуваат на компјутер. Во светски рамки постојат две организации кои спроведуваат компјутерски базирани испити: Prometric и Pearson VUE. Обете функционираат како мрежа од авторизирани центри за тестирање ширум целиот свет каде што се спроведуваат тестирањата. Александрија има статус на Авторизиран центар за тестирање на компаниите Prometric и Pearson VUE.
Чекор прв: пријавување на испитот
Прво нешто што треба да се направи е да се пријави испитот. Она што задолжително мора да се направи е да се потпише согласност со правилата кои важат во центарот за тестирање (види прилог). При пријавувањето потребно е да се има валидна лична карта или пасош. За да се комплетира овој чекор потребно е и да се плати полагањето однапред. Ниту Prometric, ниту Pearson VUE не дозволуваат исклучоци од ова правило. Штом се изврши плаќањето, автоматски се потврдува и терминот за полагање испит.
Чекор втор: полагање
Без оглед на тоа во кој дел од светот го вршите полагањето, правилата се секаде исти:
- Идентификација – На денот на тестирање ни случајно немојте да заборавите да ги понесете со себе двете форми на идентификација. И Prometric и Pearson VUE инсистираат на тоа да покажете две форми на идентификација, од кои едната задолжително содржи Ваша слика и потпис (на пример: лична карта, пасош, возачка дозвола) и уште една идентификација која задолжително содржи Ваш потпис (на пример: студентска легитимација, кредитна картичка).
- Бидете точни – Со оглед на тоа што испитот може да започне само во точно определениот термин (ни подоцна, ни порано), обидете се да пристигнете во центарот за тестирање најмалку 15 минути порано. Задоцнувањето на испит може да доведе до неможност на полагање на истиот. Внимавајте: повторно полагање поради недоаѓање на испит значи повторно плаќање на трошоците за полагање.
- Добивање резултат – Веднаш по полагањето испит се добива одпечатен извештај со резултатите од испитот. Извештајот содржи податоци за центарот каде е извршено тестирањето, податоци за лицето кое полагало, податоци за испитот (шифра, наслов, датум) и, се разбира, резултат од испитот во вид pass/fail (положил/паднал). Вообичаено (но не секогаш) извештајот содржи и податок за тоа колку бода се неопходни за положување, колку вкупно бода освоил кандидатот како и колку бода освоил во секоја поедична категорија.
- Верификација на резултатот – Доколку е потребно да се докаже дека некој испит навистина е успешно положен, доволно е да се посети веб страницата на организацијата која го врши тестирањето (на пр. www.vue.com/authenticate) и да се внесат registration и validation кодовите кои се наоѓаат на извештајот за положен испит. Истото може да се направи и на web страната на вендорот (на пример: http://partnering.one.microsoft.com/mcp/). Веднаш потоа се добива официјална потврда од Pearson VUE/ Prometric дека лицето навистина го положило испитот. Всушност, ова представува on-line, електронска форма на извештајот кој се добива во печатена форма веднаш по испитот.
Недозволени активности
Најстрого е забрането влегување во просторија за тестирање со јакна или капут, торба, книга, тетратка или какво и да е парче хартија, мобилен телефон, рачен часовник или какво и да е средство што може да му помогне на студентот да се служи со недозволени средства. Обидот за мамење на испит е крајно ризичен потег зашто води кон поништување на испитот, одземање на сите претходно стекнати дипломи и можност за доживотна забрана за стекнување ваков вид дипломи.
Надзорот на испитот го врши овластен тест администратор кој е присутен во просторијата во која се одвива полагањето, а истото по потреба може и да се сними преку надзорен систем од видео камери и да се испрати до организацијата која го изведува полагањето (Prometric или Pearson VUE). Тест администраторот е одговорен за регуларноста на испитите.
Препорака
Иако не е задолжително, пожелно е испитите да се полагаат веднаш по завршувањето на наставата. На тој начин не само што се обезбедува поголем успех во студирањето, туку се создаваат и предуслови за следење на следните предмети. Имено, за разлика од класичните студии, каде што студентите следат повеќе предмети одеднаш, во овој случај се следи настава само од еден предмет, потоа се полага испитот па се преоѓа на следен испит. Бидејќи голем број предмети се тесно поврзани меѓу себе, положувањето на еден испит често е услов за следење на наредниот предмет.
За повеќе детали, погледнете го делот Услуги/Сертифицирање од нашиот веб сајт.
|